Оливер Спасовски зборува на македонски јазик во Брисел, комплименти од еврокомесарката Јохансон

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на македонски јазик зборуваше на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарење мигранти, во Европската комисија во Брисел. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Општина Гостивар ќе доделува по шест илјади за новороденче

На последната седница на советот на општина Гостивар која се одржа денеска, беше изгласана одлука со која во наредната година за секое новороденче ќе се издвојуваат по 6.000 денари.

Вршителот на должноста градоначалник, Ваљбон Лимани во образложението на предлог одлуката пред членовите на општинскиот совет, напомена дека оваа мерка треба да им помогне на родителите кои во 2025 година ќе добијат принова. Во него се превидени и повеќе пари за заштита на животната средина и спорт.

Лимани посочи дека во програмата, покрај оваа мерка, предвидена со Програмата за социјална и детска заштита се разгледува и издвојување на средства од општинската каса и за првачињата.

Одлуката за финансиска помош на семејство со новородено дете, ја поддржаа сите присутни советници, освен советничката група на ДУИ кои претходно ја напуштија седницата.

На денешната седница беше изгласан и буџетот за 2025 кој изнесува околу 27 милиони евра.

Универзитетското студентско собрание со иницијатива за педагошка доквалификација

Универзитетското студентско собрание со иницијатива за педагошка доквалификација за наставниот кадар на високообразовните установи.

Универзитетското студентско собрание поднесува иницијатива за воведување задолжителна педагошка доквалификација за сите сегашни и идни асистенти, доценти, вонредни и редовни професори на високообразовните установи во Република Македонија. Ваквата иницијатива е во насока на унапредување на квалитетот на наставниот процес и подобрување на образовните резултати на студентите.

Правна основа: Во основното и средното образование, според Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, наставниците без педагошко-психолошка и методолошка обука се должни да ја завршат истата пред да добијат лиценца за работа. Сметаме дека оваа пракса треба да се прошири и во високообразовниот систем, како дополнување на постоечките законски рамки:

● Законот за високо образование:

○ Член 37: Предвидува дека наставниот кадар треба да поседува соодветни компетенции за наставен процес.

○ Член 89: Уредува програми за доживотно учење и обуки кои ги организираат високообразовните установи.

● Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование:

○ Член 5: Уредува обврска за педагошко-психолошка и методолошка подготовка за наставниците.

Предлог иницијатива: Предлагаме:

1. Да се воведе задолжителна педагошко-психолошка и методолошка доквалификација за сите сегашни и идни наставници на високообразовните установи.

2. Доквалификацијата да се спроведува преку акредитирани програми од високообразовните институции во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

3. Да се извршат измени и дополнувања во Законот за високо образование, со додавање нов член кој ќе ја регулира оваа обврска, слично како што е регулирано во Законот за наставници и стручни соработници.

Зошто е ова важно?

● Унапредување на наставниот процес: Наставниот кадар кој има педагошко-психолошка и методолошка подготовка е подобро опремен за ефективно пренесување на знаењето и управување со различните аспекти на наставниот процес.

● Подобрување на студентските резултати: Примената на современи наставни методи ќе го зголеми нивото на вклученост и успех кај студентите.

● Стандарди за квалитет: Ќе се изедначат стандардите за наставниот кадар во основното, средното и високото образование.

Очекувани резултати:

● Зголемен професионализам на наставниот кадар.

● Подобра подготовка на студентите за пазарот на трудот.

● Унапредување на меѓународниот углед на македонските високообразовни установи.

Заклучок: Со оваа иницијатива бараме од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и високообразовните установи итно да преземат активности за воспоставување на оваа практика. Исто предлагаме оваа иницијатива да влезе во закон, регулатива или пак правилник на Министерството за образование и наука. Ве повикуваме на соработка со Универзитетското студентско собрание во процесот на креирање и имплементација на ваквите програми.

Претседател на Универзитетско студентско собрание, Александар Николовски

По истрагата за смртта на Лијам Пејн, обвинет и негов близок пријател

 Според последните информации, пет лица се обвинети во врска со смртта на британскиот пејач Лијам Пејн, а меѓу нив е и неговиот близок пријател Рохелио Норес.

Според аргентинското Државно обвинителство, менаџерката на хотелот Гилда Мартин, вработениот во хотелот Естебан Граси и Норес се обвинети за убиство од небрежност, а пак, вработените Брајан Паиз и Езекиел Перејра се обвинети за снабдување со дрога. Според наводите, Судот наредил двајца од петтемина обвинети да бидат задржани во притвор. Тие се повикани да се појават на Суд во рок од 24 часа.

Пред неколку дена аргентинската полиција ѝ испратила покана за сослушување и на неговата девојка Кејт Кесиди, која не е осомничена, но се надеваат дека таа може да даде дополнителни информации.

За потсетување, три недели по смртта на Лијам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство, наведувајќи дека најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот „Касасур Палермо“ во Буенос Аирес на 16 октомври.

притисни ентер