Олимпискиот оган за Игрите 2024 во Париз ќе биде запален на 16 април

 Олимпискиот оган за Игрите 2024 во Париз ќе биде запален на 16 април идната година во древната Олимпија, објавија организаторите на најголемата спортска светска манифестација која од 26 јули до 11 август ќе се одржи во француската престолнина.

Олимпискиот оган до 27 април ќе остане на територијата на Грција, кога од Атина по морски пат ќе биде пренесен во францускиот пристаништен град Марсеј.

Штафетата со олимпискиот оган ќе продефилира низ улиците на Париз на 14 и 15 мај идната година.

Повикувајќи се на анонимни извори од Организацискиот одбор, светските агенции претходно јавија дека олимпискиот оган ќе биде запален на Ајфеловата кула, еден од најпрепознатливите симболи на Париз и Франција.

Мицкоски побара Гаши да ја свика комисијата да се разгледува Законот за бранители

Премиерот Христијан Мицкоски не се откажува од поддршката на законот за правата на припадниците на безбедносните сили и покрај заканите од Халил Снопче од Вреди, дека тие ќе ја напуштат владината колаилија доколку тој биде изгласан во Собранието.&nb

Сепак Мицкоски топката ја префрли во Собранието околу тоа кога и како законот ќе дојде на дневен ред.

„Дали и кога ќе дојде Законот за бранителите, не знам, тоа не зависи од мене. Јас сум сепак претседател на Владата. Но, кога ќе дојде, тој ќе ја има нашата поддршка. Го повикувам Гаши да ја свика Комисијата, што СДСМ бара еве го повикувам“, изјави Мицкоски.

Освен Законот за бранители нестабилност во владината колиција, според изјавата на Снопче може да предизвика и укинувањето на Законот за употреба на јазиците, чија уставност наскоро ќе се најде на дневен ред пред уставните судии.

„Поради руското влијание, ако влезат во такви авантури, ние ќе го решиме проблемот навремено. Тогаш за Вреди нема место во Владата. Значи, или ако се укине Законот за албански јазик или ако помине Законот за бранители“, рече Снопче.

Закани за можна длабока криза и најави за протести доколку се укине законот за јазиците вчера упати и лидерот на ДУИ Али Ахмети по вчерашните средби со претседателкта на албанското Собрание Елиса Спиропали, која исто така, надвор од дипломатската пракса, се впушти во коментири околу престојното одлучување на Устваниот суд..

Според, премерот Мицкоски темата за албанскито јазик е вештачка тема, бидејќи во земјава се почитувапосебноста на сите јазици и идентитети.

„Таман работа. Ние не сме како одделни земји членки коишто сакаат да го загрозуваат идентитетот на другите народи. Ние немаме таква намера. Напротив, го почитуваме тој идентитет и посебноста на албанскиот јазик, македонскиот јазик и сите останати јазици кои ги користат граѓаните во Македонија. Јас лично ги почитувам. Така што, не само што не е загрозен, туку и е надграден“, порача Христијан Мицкоски, Претседател на Влада.

За оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците поднесени се 13 иницијативи до Уставен и за нив судот ќе одлучува следниот месец, по цели пет години од поднесувањето.

Сериозни забелешки за него имаше и Венецијанската комисија, со оценка дека законот наметнува нереални правни обврски, но Тогашната владејачка коалиција СДСМ и ДУИ иакпо ветуваше дека ќе ги имплементираат препораките, тоа не се случи.

Собранието одлучи: Нема предвремени локални избори во Гостивар, Сарај и Аеродром

Пратениците од ДУИ по вторпат и обезбедија на власта двотретинско и бадентерово мнозинство. 

Со 83 гласа „за“ и 17 „против“ во Собранието поминаа законските измени за локална самоуправа со кои в.д. градоначалници да може да управуваат со општините и до две години.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети пред гласањето во име на пратениците од Европскиот фронт ги кажа причините зошто одлучиле да ги поддржат овие законски измени. Беџети, кој од градоначалник на Сарај стана пратеник, посочи дека целта е да не се мачат граѓаните да излегуваат на вонредни избори, како и да се заштедат пари во Буџетот.

Дали поддршката од „интегративците“ е резултат на некаков договор меѓу ДУИ и ВМРО- ДПМНЕ како во случајот со реорганизацијата на министерствата останува непознато. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ постигна договор со ДУИ со кој, како што беше објаснето, за возврат ќе се формира ад хок комисија во Собранието која ќе ја следи правичната застапеност во органите на државната самоуправа, на чело со пратеник од опозицијата. Но ова тело досега не профункционира во пракса во Собранието.

Со Измените на Законот за локална самоуправа ќе се избегнат вонредни избори за градоначалници во три општини - Аеродром, Гостивар и Сарај, откако Тимчо Муцунски и Арбен Таравари станаа министри, а Блерим Беџети пратеник. Со нив е предвидено в.д. градоначалниците да ги управуваат општините до редовните локални избори догодина.

Тие беа доставени до Собранието по скратена постапка, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Пратениците од СДСМ, како што и претходно најавија, не дадоа поддршка за овие измени со образложение дека власта им го одзема правото на граѓаните да одлучуваат.

притисни ентер