Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Убиен шефот на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, Саит Аталах

Во северен Либан е убиен Саид Аталах, шеф на вооруженото крило на Хамас - бригадите Ал Касам, јавија денеска британските медиуми, цитирајќи локален медиум поврзан со ова палестинско движење.

Медиумите блиски до Хамас денеска објавија дека Аталах бил убиен, заедно со тројца членови на семејството, во израелски напад врз палестински бегалски камп во северниот либански град Триполи.

Израел се уште не ја коментираше оваа вест.

За Аталах нема многу информации, но западните агенции сметаат дека тој е водач на бригадите Ал Касам.

Кон средината на јули Израел го елиминира Мохамед Деиф, долгогодишниот лидер и еден од основачите на оние бригади кои го предводеа нападот врз Израел на 7 октомври. Деиф беше убиен еден ден откако политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија беше елиминиран во Техеран./МИА

„Гответе со Дракче“ - Ракчиња во сос

Во петок (04.10.2024) во емисијата гостин ни беше Александар Дадар

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче смрзнати ракчиња

1 главица кромид

1 главица лук

1 пиперка

100 гр. фета сирење

100 гр. индиски ореви

1 мала павлака

1 интегрален леб

1 лимон

малку масло

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут

Либанското милитантно движење Хезболах утринава соопшти дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во либанскиот главен град повторно се слушаат експлозии.

Британските медиуми го цитираат милитантното движење кое утринава објави дека ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј и дека во тек се жестоки борби.

Сведоци од либанската престолнина изјавија дека рано утринава се слушнале силни експлозии во јужните предградија.

Израел претходно издаде три предупредувања до жителите веднаш да ги напуштат тие делови на Бејрут./МИА

притисни ентер