Објавена книгата „Падот на Југославија и осамостојувањето на Македонија“ од Ненад Батковски

 Во издание на „Бата прес“, излезе од печат книгата „Падот на Југославија и осамостојувањето на Македонија“, од публицистот, поранешен новинар, уредник и преведувач Ненад Баткоски.

Книгата содржи голем број статии, коментари, интервјуа, репортажи, извештаи и други новинарски форми, со кои авторот во период од преку 40 години сведочел за општествените промени, особено оние во Македонија.

Текстовите ги објавувал во угледните дневни весници „Борба“ (Белград и Загреб), „Република“, „Нова Македонија“, „Вечер“, во весникот на демократската пролет „Млад борец“, во неделникот „Време“ од Софија, како и во франкофонските печатени медиуми „Ле нуво котидиaн“ (Le nouveau quotidien) од Лозана, „Диагонал ест уест“ (Diagonales est-ouest) и „Ом е либерте“ (Hommes & libertés) од Париз.

Во книгата се објавени и интервјуа направени пред изборите 1990 година, со лидерите на водечките политички партии: Гане Тодоровски, Петар Гошев, Невзат Халили, Љупчо Георгиевски и Стојан Андов.

-Тука се поместени и интервјуата со Хенрик Сокалски од Унпредеп, Владимир Ралев од македонската дијаспора, со Симон Трпчески, тогаш млад и надежен пијанист; Сониа Зоран, швајцарска новинарка и автор на книгата „Распаѓањето на Југославија“ (1993 година), угледниот новинар-фоторепортер и подоцна бизнисмен Роберт Јаки... Авторот за свој голем успех ги смета и текстовите со кои е спречена изградбата на цементарница во непосредна близина на Белград, како и текстовите за рехабилитацијата на Ченто и другите бурни настани на македонската политичка сцена на крајот на осумдесеттите и првите години од деведесеттите години на минатиот век, вклучувајќи го и периодот кога бил одговорен уредник на МИА (1999-2000), наведува „Бата прес“.

Ненад Баткоски е роден 1958 година во Вевчани. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Струга. Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Белград. Работел како новинар во весниците „Борба“ (1979 – 1991), „Република“ (1991 - 1993), „Долар“ (1994 и 1995) и други, а бил главен уредник на новинската агенција МИА од 1999 до 2000 година.

Сега е главен уредник на издавачката куќа „Бата прес“ и преведувач книжевни дела. На македонски јазик се објавени негови преводи на 30 книги.

Автор е на книгата „Македонска бизнис елита“ (Бата прес, Скопје, 1996 година) и коавтор на книгата „Димитар Илиевски – легенда на македонскиот шах“ (заедно со Димитар Илиевски и Љубомир Хаџи Манев, Бата прес, Скопје, 2017 година).

Јанчев: Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето во Михајлово

Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето, во Михајлово, за заедно да го прославиме почетокот на оваа зимска сезона!

Имено, веќе се во завршна фаза активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово!

Деновиве следува монтажа на геоплатно и церада за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3200 м3.

Инаку, овој скијачки центар ќе располага со:

Ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час

Скијачки појас со капацитет од 800 лица

Четири сезонски вртелешки

Мобилна пумпа

Црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар

Филтри 4 броја

Хидрант 4 броја

Снежни топови 2 броја

Заштитна мрежа 20 броја

Комплетната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на овој месец. Инвестицијата вредна околу 240 илјади евра е донација, дел од Кожувчанка, дел од Комерцијална банка, додека градежните активности се донација од општествено одговорната компанија ЈА-МИ во висина од 50.000 евра.

Ги очекуваме сите љубители на снег и планина да ни се придружат и уживаат во преубавиот амбиент кој ни го нуди Кожуф планина.

Кавадарци за сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Илјадници на протест во Валенсија – властите да ги обноват училиштата по поплавите (ВИДЕО)

Илјадници луѓе, вклучително и семејства и наставници, синоќа протестираа во Валенсија барајќи брза реконструкција и чистење на училиштата оштетени од поплавите.

Илјадници луѓе, вклучително и семејства и наставници, синоќа протестираа во Валенсија барајќи брза реконструкција и чистење на училиштата оштетени од поплавите, наведувајќи дека поради недостиг на капацитети, 13.000 деца во регионот моментално немаат настава.

Демонстрантите држеа плакати со кои бараа оставка од лидерот на Валенсија Карлос Мејсон, обвинувајќи ја регионалната влада дека чистењето на училиштата им го препушта на наставниците и учениците, пренесува Ројтерс.

Триесет училишта сè уште се затворени, а 13.000 деца во Валенсија не одат на училиште поради тоа, според регионалниот синдикат на наставници СТЕПВ.

Шпанската влада соопшти дека околу 5.000 луѓе учествувале на протестот, додека портпаролката на регионалната влада на Валенсија рече дека околу 32.000 ученици од областите погодени од поплавите се вратиле на училиште од 11 ноември.

Карлос Мејсон се соочува со критики дека предоцна испратил предупредување за поплави до локалното население, но одбил да поднесе оставка, велејќи дека телото одговорно за мерење на протокот на вода, управувано од националната влада, не испратило доволно предупредувања.

Во поплавите што на крајот на октомври ја погодија Шпанија, загинаа 223 лица, од кои најголем број жртви има во регионот на Валенсија.

Петрушевски: ЕСМ во 2017 година имаше 20 милиони евра на сметка, а во 2024 минус од 80 милиони

СДС ги уништи енергетските претпријатија. И како последица на тоа струјата во нивно време се зголеми за над 50%.

ЕСМ беше оставено во 2017 година со 20 милиони евра на сметка, за во 2024 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт го затекне со минус од 80 милиони евра.

7 години власта на СДС не изгради ниту еден нов енергетски објект, а од сметката на буџетот префрлени над 370 милиони евра на ЕСМ.

Очигледно е недомаќинското работење на власта на СДС, која заради бизнис профит на поединци организираше скап увоз на јаглен и на струја.

Милиони евра народни пари се потрошени заради бизнис зделки на малкумина, а сето тоа народот го плати не само од буџетот, туку и преку поскапи сметки за струја.

На криминалното работење во енергетиката се стави крај. Одговорност ќе има. А новото раководство на ЕСМ работи на консолидација на претпријатието, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер