Очекувањата на дел од лидерите на Вреди се дека новата Влада ќе се формира идната недела на 19-ти или 20-ти јуни. Од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 посочија дека мандатарот Христијан Мицкоски предлог владиниот состав и програмата за работа ќе ги достави до Собранието во текот на следната недела, а најверојатно тоа ќе биде в понеделник на 17-ти јуни, но и понатму тврдат дека конечен договор за кадровските решенија се уште нема.
-Нема дефинитивни кадровски решенија. Предлог владиниот состав ќе биде доставен до Собранието следната недела. - ВМРО-ДПМНЕ
Од Вреди пак веќе и официјално ги соопштија дел од кадрите кои ќе седнат во министерските и вицепремеирските фотељи. Арбен Таравари во Утринската програма на Канал 5 потврди дека повторно ќе го превземе ресорот здравство и најави укинување на екононмските директори на клиниките уште на првиот работен ден. А откри и кој ќе раковории со дел од другите ресори.
„Ексклузивно би кажал дека од вечра имам дефинитивна одлука ако се избере идната недела Влада јас ќе земам одговорност да го продолжам тоа што го оставив во 2017-та и да бидам министер за здравство. Министер за екологија ќе биде Изет Меџити, министер за добро владеење и транспарентност ќе биде Арбен Фетаи којшто е роден и живее во Брисел и ќе се врати специјално да биде неколку години во Македонија. Фатмир Лимани најверојатно ќе биде министер за социјална политика. Тоа се имињата кои што дефинитивно ги знам. Уште за министерот за економија не сум сигурен чекаме вечерва дефинитивно да се знае“, посочи Тараври.
Од петте ресори кои ги добива Вреди во владиниот состав останува да се допрецизира само кој ќе раководи со вицепремиерското место за евроинтеграции, каде треба да седне кадар од Алтернатива. Во распределбата на министерските позиции ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на избори, добива најмногу 13 ресори, меѓу кои и клучните места поврзани со безбедноста, надворешната политика и Министерството за внатрешни работи. На контото на партијата на Максим Димитреивски одат Минситерствата за првда и администрација, но и од таму се уште не ги откриваат кадрите кои ќе раководат со нив. Владата на Мицкоски наместо досегашните 16 ќе брои 20 ресорни министерства, а ќе има и тројца министри без ресор. Мандатот на Мицкоски за формирање влада му беше доверен на 6-ти јуни, а крајниот рок за нејзино составување истекува на 26-ти јуни.