Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти

Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти пред министрите за транспорт на земјите од ЕУ.

Капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во државава, а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан ги истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија. Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија.

Како што информира Министерството за транспорт, Николски изразил задоволство што два дена заедно со министрите за транспорт од ЕУ разговараале на многу важни теми од оваа област.

- Презентирав што прави македонската Влада во овие два и половина месеци. Прво, во однос на авиолиниите дека имаме нова политика на субвенционирање што очекувам следната година да донесе нови дестинации кон Скопскиот и Охридскиот аеродром, но исто така и над 20 отсто повеќе патници, повеќе туристи во Македонија, а за македонските граѓани повеќе можности да патуваат надвор од државата, истакнал Николоски.

Во однос на железницата, како што се наведува во соопштението, приоритет број еден за државата е изградбата на брзата пруга Скопје-Солун со 200 километри на час, која целосно треба да ја промени економијата и да ја поврзе државата со главните пристаништа, а на север со Централна Европа.

- Интензивно работиме и на изградба на железничкиот Коридор 8, каде првата секција од пругата кон Бугарија е скоро готова, втората секција се работи во моментов, а на третата секција имаме технички предизвици, кои се надевам дека ќе ги решиме во следниот период, како и предизвици во однос на проектирањето, а и секако сите други пречки кои што ги спомнав во периодот што беше пред нас. Но, се надевам дека ќе најдеме и заеднички јазик со цел да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде, потенцирал Николоски.

Во однос на изградбата на автопатиштата, Николоски посочил дека до крајот на годината ќе биде завршен експресниот пат Куманово - Крива Паланка, како и експресниот пат Прилеп - Градско.

- Интензивно работиме на Охрид - Кичево и во наредниот период многу ќе се работи на Кичево - Букојчани, на Букојчани – Гостивар, на Гостивар - Тетово, како и на Прилеп – Битола. Ова е една одлична можност да се разменат мислења, но исто така да се поканат потенцијални донори и инвеститори да дојдат во Македонија, да донираат и да инвестираат со цел побрзо да ги изградиме проектите што се пред нас, порачал Николоски во Будимпешта.

Утре во Битола посебен режим на сообраќај поради трката „ Трчај, бе“

 Утре во Битола, од 7:30 до 11:30 часот, од почеток до завршување на спортската манифестација „Трчај, бе“ ќе се применува посебен режим на сообраќај.

Од СВР-Битола информираат дека посебниот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула од страна на Музичкото училиште во Битола до кружниот тек кај Педагошки факултет, потоа улица „Генерал Васко Карангелевски“ до кружниот тек кај маркетот „Веро“, а режим на сообраќај ќе има и на улиците „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик, улица „Филип Втори Македонски“ до кружниот тек кај месноста Дулие, улица „Баталјон Стив Наумов“, улица „Прилепска“ до ул. „4-ти Ноември“ и од крстосницата на улица „Солунска“ до „Широк Сокак“.

Годинава во Битола на „Трчај, бе“ има 1.800 учесници од 25 држави, меѓу нив и учесници од Филипини, Индија, САД, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија...

Организаторот апелира граѓаните да ги ослободат паркинг местата кај плоштад „Магнолија“, Саат Кула и на улицата „Солунска“ кај Широк Сокак, да ги набљудуваат и поздрават учесниците на трката „Трчај, бе“ и националното првенство во полумаратон, што утре ќе се одржи во Битола.

Хавиер Тебас проговори за наместените натпревари во Ла Лига

 Претседателот на најсилната фудбалска лига во Шпанија, Хавиер Тебас изјави дека пред многу години бил наместен натпревар на крајот од сезоната.

- Пред многу години имаше претседател на клуб јужно од Кастелон. Неговиот тим успеа да остане во Ла Лига, а по мечот отиде во соблекувалната кај играчите со зборовите: „Не го добивме натпреварот поради вас, победивме затоа што јас наместив се, изјави Тебес во поткастот на Џорди ел Салваје.

Се шпекулира дека станува збор за еден од следниве клубови: Валенсија (2022/23), Леванте (2014/15, 2010/11, 2006/07), Елче (2020/21, 2013/14) или Виљареал (2001/02).

Видео:Во Техеран на воената парада Иран претстави нов камиказе дрон

Иран ја претстави најновата верзија на својот камиказе дрон на воената парада во Техеран, јави ДПА.

Државната телевизија ИРИБ денеска објави дека дронот Шахед 136-Б има домет од 4.000 километри и е еден од најнапредните дронови во светот.

Иран тврди дека направил голем напредок во производството на дронови во последните години. Се вели дека тие играат централна улога за рускиот агресор во војната во Украина, иако Техеран категорично ги отфрла обвинувањата дека ја снабдува Москва со оружје за нејзината инвазија на Украина, наведува германската агенција.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата работи со Москва на воено ниво, но тврди дека тоа не е поврзано со војната во Украина.

Техеран, исто така, вели дека секогаш се залагал за брз крај на војната во Украина и тврди дека ги поддржувал дипломатските мировни иницијативи.

притисни ентер