Николоски: Нови дестинации за повеќе туристи и повеќе патувања за македонските граѓани

Од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт,  а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус.

Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избарни се согласно јавниот повик за финансиска подршка за нови дестинаци, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на денешната прес конференција.

На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно јавниот повик финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.

Повикот што го распишавме веќе ги дава првите резултати, истакна министерот Николоски и додаде:

“Со гордост можам да кажам дека од 30 март 2025 година авио превозникот Флај Дубаи ја отвора линијата Скопје - Дубаи- Скопје. Исто така со гордост можам да најавам дека од 30 јуни 2025 година два пати неделно ќе се лета Скопје - Барсeлона - Скопје со што се отвора Шпанија како дестинација. Од 30 јуни, два пати неделно ќе се лета Скопје – Лион - Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација. Понатаму, од следната година три пати неделно ќе се лета Скопје - Штутгарт - Скопје со што се отвора западниот дел на Греманија. Во однос на охридскиот аеродром, два пати неделно ќе се лета Охрид - Базел Милхаус - Охрид и за мене најзначајната вест врзана за охридскиот аеродром е тоа дека Туркиш ерлајнс редовно ќе лета од 30 март 2025 година на дестинација Охрид - Истанбул – Охрид, со што охридскиот аеродром го отвораме како дестинација за најголемиот аеродром во Европа и аеродром со најголем број на конекции” – истакна министерот Николоски.

Министерот најави дека веќе во процес на подготовка е втор повик кој треба да се објави во следните неколку недели бидејќи има силен интерес за воспоставување на нови дестинации.

Во однос на финансиската подршка за авиокомпаниите, таа се воведува за период 2025-2027 година и изнесува 360 милиони денари или околу 5 милиони евра, а се очекува бројот на патници да се зголеми за 200 илјади на годишно ниво.

МОН: Сегрегацијата не е прифатливa ниту во образованието ни во општеството

Сегрегирање, дискриминација или која било друга форма на отфрлање на младите од училишната заедница, е строго забрането и казниво. 

За ова веќе постојат одредби во Законот за основното образование, но планираме да ги зајакнеме во процесот на надградба на регулативата а и да ги отсликаме во законите за средно и за стручно образование и обука. Планираме и кампањски активности за подигнување на свеста за спречување и заштита од дискриминација и сегрегација, со опфат на возрасните од кои најчесто потекнуваат овие идеи. Ова го нагласи Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука, на општинската тркалезна маса „Инклузивно образование и поттикнување на социјална кохезија“, што се одржа во Битола.

Активностите за измена на регулативата, носењето нови наставни планови и програми, обуките на наставниците, вложувањата во инфраструктура, соработката со меѓународните институции и организации, инсистирањето на поголемо вклучување на родителите во работата на училиштата и јавните дебати, како што рече Ивановска, се насочени кон создавање систем на образование што на секој млад човек му дава можност да успее, без оглед на неговото потекло, вера, националност, пол.

Министерството за образование и наука гради интегрирано образование во кое ресурсите и поддршката се подеднакво достапни за секое дете и млад човек, со што ги рушиме бариерите што нè делат. Во овој контекст, Ивановска посочи на посебниот протокол за пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување, врз основа на кој во училиштата се формира тим од наставници, стручни соработници и родители, којшто презема конкретни мерки и активности за превенција и заштита, меѓу другото, и во случаите на социјално насилство.

„Училиштето не смее да дозволи одвојување на еден ученик, или група, од другите врз основа на различност, ниту да го доведе во позиција на нерамноправност и нееднаквост, да го дискриминира или игнорира. Но сепак, и за жал, оваа појава постои како предизвик и сите ние мораме заеднички да се заложиме за да го надминеме“, рече Ивановска.

На тркалезната маса, во име на Министерството за образование и наука, Ивановска испрати јасна порака дека сегрегацијата не е прифатливa ниту во образованието ни во општеството, и не е важно дали ученикот е Македонец или Ром, Албанец или Турчин, туку за секој ученик мора да има место во нашите училишта, а секое поинакво постапување ќе биде санкционирано, без да се чека тоа да го кажат меѓународни судови. Само така можеме да изградиме силно општество во кое разликите се богатство и нè обединуваат во една држава што е просперитетна и во која сите сакаат да живеат и тука да се вратат.

Министерство за образование и наука

Фон Дер Лајен Денеска во Сараево и Белград

„Не се врзуваме за датуми, проширување може да има и пред 2030 година“.

Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајан ја продолжи посетата на регионот.

Попладнево пристигна во Белград, а претходно утрово од Сараево порача дека земјите што ќе бидат подготвени може да се надеваат на челнство во ЕУ и пред 2030 година.

Костадиновски: Македонија ќе биде домаќин на Балканскиот форум на уставни судови во 2026 година

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска учествуваа на работен состанок со членовите на Балканскиот форум на уставни судови. 

Учесниците го разработија Статутот на организацијата, изготвија планови за структурата на Форумот, идентитетот и неговото влијание во државите, начинот на финансирање и воспоставување на контакти за координација на активностите од секој суд.

Донесена е одлука следната годишна конференција да се одржи во Туркије, а Македонија да биде домаќин на Балканскиот форум на уставни судови во 2026 година.

На состанокот учествуваа претседатели и судии на уставните судови од Балканот кои се членки и набљудувачи на организацијата, меѓу кои и претставници од судовите во Босна и Херцеговина, Бугарија, Туркије, Албанија, Косово.

Со оваа активност делегацијата од Уставниот суд на Македонија го завршува учеството на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови.

Во рамки на одржувањето на овој настан во Приштина беше одбележан и 15 годишниот јубилеј од основањето на Уставниот суд во Косово, се наведува во соопштението.

притисни ентер