Николоски: Ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини

Ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини, граѓаните и бизнис секторот мора да добиваат квалитети услуги  .

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

На средбата се разговараше за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството за транспорт како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини.

Се работи за проектот за новиот систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарски таблици преку кој се инсталираат преку 350 типови на надзорни камери на граничните премини.

Понатаму се разговараше и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, проект кој ќе започне да се реализира во скоро време.

Исто така на средбата се отвори и прашањето за имплементција на едношалтерскиот систем “Single Window” преку кој ќе се поврзат државните институции за подобрување на услугите за граѓаните и бизнис секторот.

Министерот Николоски истакна уверување дека проектите се реализираат со потребната динамика, се со цел да се унапреди системот на услуги што се овозможува на граничните премини.

“Подобрување на условите за работа на граничните премини е процес кој го спроведуваме во соработка со Царинската управа и преку кој создаваме систем на квалитетни услуги за сите економски оператори. Со реализација на овие проекти го унапредуваме транспортотот, ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини и ова се проекти со кои обезбедуваме бенефит за Министерството за транспорт, за Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други државни институции. Ова е од огромно заначење и за регионалната соработка како владин приоритет “, истакна на средбата министерот Николоски.

Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. 

Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.

Совети за чување на лебот во потоплите летни денови

Лебот е храна којашто се купува секојдневно, но зголемената количина од оваа намирница честопати завршува во отпад поради краткиот рок на траење.

Многумина чуваат леб во сандачиња, или пак фрижидер. Но, кога лебот се чува во влажна или невообичаено топла средина, побрзо фаќа мувла, што е особено опасно за луѓето со респираторни проблеми и алергии. Софи Труман, стручак за отпад тврди дека најдобриот начин за складирање на печивото е во платнена торбичка.

- Ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметичка ќеса, бидејќи така нема да може „да дише“. Мора да го оставите на воздух за да го одржите најдоброто. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или платнена ќеса, на поладна, собна температура. Но, не во фрижидер, објасни Труман.

Таа натаму истакнува дека обичниот фрижидер всушност го забрзува процесот на создавање мувла... Така што, подобра опција е замрзнувањето, коешто го одржува лебот свеж неколку дена. Пред јадење, лебот се одмрзнува неколку часа, а за „крцкав ефект“, експертката советува да се стави во рерна на неколку минути.

Лебот може да се чува и во кутија за леб, или на поладно, а суво место, каде што секојдневното печиво е заштитено од главните причини за расипување - топлина и влага.

Макрон: Франција е подготвена за Олимписките игри

Претседателот на Франција, Емануел Макрон при денешната посета на Олимпиското село истакна дека Пaриз е подготвен за да биде домаќин на Олимписките игри.

- Подготвени сме и ќе бидеме подготвени во текот на Игрите, посочи Макрон.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неколку дена пред почетокот на ОИ во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закана.

Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворање на ОИ.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри секој ден.

притисни ентер