Невил: Саутгејт треба брзо да најде решенија за проблемите или работите ќе завршат лошо

Менаџерот Герет Саутгејт мора брзо да „најде решенија“ за проблемите во репрезентацијата на Англија или „работите ќе завршат лошо“, како што се случило многу пати во минатото. 

Ова го изјави аналитичарот и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.

Англија тесно ја совлада Србија во првиот натпревар на Европското првенство, а потоа ремизираше 1:1 против Данска во вториот натпревар во групата Ц. Според повеќето медиуми, вицешампионите дури во значителен период биле надиграни од своите противници.

-Сега не е време за паника, но не можам а да не признаам дека чувството е познато. Мислам дека самиот Герет Саутгејт не го фати паника, но време е да се најдат некои решенија. Нешто мора да се промени бидејќи од првите два натпревари се издвојуваат некои загрижувачки работи, изјави Невил за ИТВ Спорт.

Невил се прашува дали големата количина на квалитетни напаѓачи го збуни Саутгејт и дали избра погрешни луѓе и позиции за Европското првенство.

-Прв пат ми се чини дека Гарет е во конфликт со себе бидејќи има премногу на располагање. За прв пат прашуваме како да ги внесеме Трент, Фоуден, Палмер и Белингем во ист тим. Можеби тоа му создава повеќе проблеми отколку решенија. Тоа не треба да биде така. Во следните 24 часа, Герет мора многу внимателно да размисли, а играчите мора да разговараат меѓу себе. Толку многу зборувавме за нивниот дух и за тоа како можат да преземат одговорност, но тие не играат добро и време е да најдат излез од ситуацијата, изјави легендарниот бек. /МИА

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

МОК ги претстави шесте македонски олимпијци кои ќе настапат на Игрите во Париз

Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.

Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.

Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти:

Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил)

Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно)

Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Еди Шерифовски, џудо

Мила Релиќ, таеквондо

Дарио Ивановски, атлетика (маратон).

Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.

Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДС

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1.

Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?

Да одиме со ред.

Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле.

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер