Неверојатен крај на првата етапа на Тур д’Франс, први на целта стигнаа близнаците Јејтс

Британскиот велосипедист Адам Јејтс е победник на првата етапа на овогодинешниот Тур де Франс, која што започна во Билбао.

Јејтс ја заврши етапата долга 182 километри за четири часа и 22,49 минути, четири секунди побрзо од неговиот брат близнак Сајмон Јејтс.

Ова е прва етапна победа за Адам Јејтс на Тур д’Франс.

Трет целта ја мина двојниот шампион на Тур д’Франс, Словенецот Тадеј Погачар, додека минатогодишниот шампион Јонас Вингегор беше деветти.

Втората етапа на Тур д'Франс, долга 208,9 километри, се вози утре од Виторија до Сан Себастијан.

Најверојатно нема да има алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија

Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година.

Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години.

- Ние сме домаќини на повеќе од сто спортски настани без алкохол, пречекувајќи три милиони навивачи. Тие си поминаа одлично и открија што има да понуди Саудиска Арабија – забава, уметност, музика, култура и наследство, изјави саудискиот менаџер Хамад Ал Балави.

Покрај тоа, турнирот би можел да се одржи во зима, исто како Светското првенство во Катар во 2022 година.

- Тоа ќе биде одлука помеѓу ФИФА, конфедерациите, лигите и фудбалските асоцијации. Ќе се вклучиме во оваа дискусија во догледно време. Подготвени сме да примиме гости кога тоа ќе биде побарано, додаде Ал Балави.

Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Таа треба официјално да биде прогласена како земја домаќин на турнирот на Конгресот на ФИФА на 11 декември.

Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата

Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители.

Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

- Поднесениот Предлог-закон е одговор на барањата за правда и правичност оттаму што не се однесуваат само на припадниците на безбедносните сили од воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес на заштитата на државата и на сите граѓани, рече Петровска.

Побара од пратениците од владејачката партија да го задолжат претседателот на Собранието да го примени Деловникот идентично како што тоа го направиле со задолжувањето со кредитот од Унгарија и да закаже седница на Комисијата за труд.

- Претседателот Гаши да постапи исто како во случајот со унгарскиот кредит... Тој тогаш го искористи деловничкото право и ја свика Комисијата за финансирање и буџет и назначи пратеник кој ќе ја води таа комисија. На тој начин постапката продолжи. Истото тоа го бараме да се примени и сега. Тврдам дека чекор назад е свикување на Комисијата бидејќи и претседателката на таа комисија јавно кажа дека нема да ја свика Комисијата. Доколку не биде постапено идентично, изјавите на првиот вицепемиер Меџити дека овој закон нема да биде донесен ќе бидат само потврда дека пратениците на ДМПНЕ се само бројка во Собранието без капацитет да ги исполнат ветувањата, рече Петровска.

Што се однесува на работата на претседателот на Собранието, Петровска рече дека пратениците од опозицијата ќе побараат Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да расправа и да утврди дали има прекршувања или погрешни толкувања и примена на Деловникот од негова страна.

За Предлог-законот што е поднесен во Собранието рече дека е со поширок обем отколку оној поднесен од Стојанче Ангелов од „Достоинство“.

- Тогаш предложениот предлог-закон поднесен на иницијатива на Достоинство, беше изготвен во мојот Кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов. Заради одлуката на Ангелов да направи предизборна коалиција со ВМРО –ДПМНЕ, тој Предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. Дури и тогаш тој Предлог-закон беше поддржан од СДСМ, рече таа.

Мицкоски: Мерката на Владата за намалување на маржата на 10 проценти стартува денес

Мерката на Владата за намалување на маржата на 10 проценти стартува денес, целта ни е да го олесниме животот на граѓаните.

„Па да сè уште, точно е директорот од претходната Влада поставен, не брзаме во овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека ете партизираме и така натаму. Многу внимателно чекориме, сакаме да ги почитуваме сите закони за да немаме после тужби и илјадници би рекол милиони евра пари на народот да се слеваат во приватни џебови, затоа внимателно чекориме во овој процес, но мислам дека набргу, денеска и таа работа ќе биде завршена, ќе дојде ново раководство во Државниот пазарен инспекторат. Очекувам тоа што е договорено, тоа да биде и почитувано“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски на денешното новинарско прашање за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат.

Во однос на очекувањата за мерката за есенската кошничка тој додаде дека: „Тоа коешто беше мерка треба да стартува денеска, очекувам намалување на најмалку десетина проценти. Оваа мерка ќе трае некаде таму до крајот на октомври месец. Седумдесетина производи се практично производи коишто се како резултат на овој закон се со намалени цени. Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа, во зависност на потребите на граѓаните. Ќе потсетам производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на една анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи се најкористени во овој период од годината. Така ќе биде можеби и пред новогодишните празници, така ќе биде на пролет и цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите.“

Во врска со информациите дека дел од маркетите ги покачиле цените неколку денови пред усвојување на оваа есенска кошничка изјави дека секој кој се однесувал неморално и неетички ќе биде санкциониран.

„Апсолутно, секој оној којшто се однесува шпекулативно и неморално и неетички ќе биде санкциониран“, дециден е Мицкоски.

притисни ентер