Напуштен замок во Франција е поврзан со потонувањето на „Титаник“ (ВИДЕО)

Напуштениот замок датира од 19 век, а се наоѓа во департманот Нивр, во централна Франција.

Последниве години го посетуваат бројни урбани истражувачи, додека нивните снимки откриваат опремени простории со стари теписи и мебел, уметнички дела, садови, детски играчки...

Се разбира, сè е покриено со дебел слој прашина, а замокот изгледа како да е замрзнат во времето.

Во Франција има многу напуштени, величествени згради, но оваа е особено вредна за внимание. Зошто? Бидејќи е поврзан со трагедијата на некогаш најголемиот трансокеански брод.

Тиктокерот, кој се нарекува @deserted_places, ја обиколи трошната зграда и им ја покажа на своите милиони следбеници.

Тој тврди дека замокот некогаш бил во сопственост на норвешкиот бизнисмен Енгелхарт Корнелиус Остби, кој е одговорен за неговата луксузна трансформација.

Тиктокер прикажува пространи соби, ходници и скали, потоа тенџериња и тави во кујната, книги во работната соба кои чекаат да бидат прочитани, притоа нè воведува во интересна историја.

Тој наведува дека Енгелхарт и неговата ќерка Хелен патувале во прва класа на Титаник, откако се качиле во Шербур. Секој имал своја кабина, каде што биле кога бродот удрил во сантата мраз.

Исплашени и збунети се качиле во чамецот за спасување. Меѓутоа, Енгелхарт се вратил во кабината за да земе потопла облека и тогаш неговата ќерка последен пат го видела жив, пренесува Express.

Неговото тело подоцна било пронајдено и пренесено во американскиот град Провиденс, каде што била „базата“ на ова семејство. Таму бил погребан на 11 мај 1912 година.

@deserted_places exploring the castle of the victims of the titanic! 🤩 @Ramy IG:pimpmycamel #abandonedplaces #abandonedhouse #abandoned #cave #fyp #horrortok #viral ♬ original sound - Deserted.places

Преживеаната ќерка презела дел од бизнисот на нејзиниот татко, а истата година отпатувала за Германија. Од одредени причини морала да се крие, па преку Англија завршила во САД.

За време на Втората светска војна повторно се вратила во Европа, поточно во Белгија, но морала да бега од германските бомби. Таа останала во Провиденс до крајот на својот живот и работела како волонтер во локалната болница.

Таа е погребана во 1978 година покрај нејзиниот татко и, како што тврди тиктокерот, никогаш повеќе не го посетила замокот во Нијевро.

Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати

Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени.

Бројот на загинати се искачи на пет, а повеќе од 200 се повредени кога автомобил вчера влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во Магдебург, изјави Рајнер Хаселоф, премеир на сојузната германска покраина Саксонија-Анхалт.

Канцеларот Олаф Шолц, кој беше со него за да оддаде почит во источниот град Магдебург, изрази посебна загриженост за околу 40 тешко повредени лица и ја осуди „страшната катастрофа“.

Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска објави мерка со која - секој над 20 години, дури и оние кои се невработени, ќе можат да добијат кредит за стан.

„Сакаме да ги направиме младите независни...порано да зависат од нивната работа“, рече Вучиќ во своето обраќање.

Тој додаде дека најголемиот товар ќе падне на Банка Поштанска штедионица, но во тоа мора да учествуваат и други банки.

Според него, вредноста на програмата е 400 милиони евра за 5.500 станбени единици.

Услов за подигање на кредит е да сте државјанин на Србија, на возраст од 20 до 35 години.

Тој изјави и дека сака таа старосна граница да биде укината, „но во овој момент тоа не е можно“.

Највисоката цена за метар квадратен за која државата ќе дава субвенции ќе биде 2.200 евра.

„Би сакале младите да можат да купуваат станови во блок 70 и блок 45, но цената на квадрат таму е меѓу 2.300 и 2.600 евра и затоа сакаме да ја покачиме на 2.500, 2.600 евра во Белград и 2.200 во Нови Сад“.

Тој рече и дека главен услов е станот да може да чини најмногу 100.000 евра, а минималното учество да биде еден процент. Кредитот ќе се доделува за период до 40 години, а последната исплата ќе се врши до 70-годишна возраст. Предвремената отплата на кредитот ќе биде без дополнителен надомест.

Во обраќање до јавноста рече дека таа мерка освен емотивна компонента да се дозволи детето на секој родител да остане во државата, има и рационални корени. Тој додаде дека државата подготвила програма за станбен кредит за млади што е најдобра во цела Европа и нагласи дека тоа не е социјална мерка, туку мерка за иднината на Србија.

Српскиот претседател најави дека програмата за станбен кредит за млади ќе почне да се спроведува најдоцна во првата половина на март, бидејќи се очекува законот да биде завршен во февруари, по што ќе биде доставен до парламентот.

Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела

 Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта, соопштија од УХМР.

Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од северозапад ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка.

Снег ќе има понекаде и во пониските места.

Нови врнежи претежно од снег се очекуваат во средината на работната недела.

притисни ентер