Најлошите британски возачи се зад воланите на луксузните германски возила

На патиштата во Британија најголема веројатност да направат сообраќајна несреќа имаат возачите на скапи германски автомобили.

Според истражувањата на осигурителаната компанија GoCompare Car, токму возачите на германските премиум модел се најизложени на несреќа на британските патишта. Конкретно , истражувањето покажало дека најлоши се возачите на BMW 420d, што значи дека тие најчесто рпедизвикуваат сообраќајни несреќи и тоа со веројатност од 17,1%.

Потоа следат возачите на Ауди А5 со 15,5 % веројатност, а по него Мерцедес C220 со 14,8% и со ито толкава веројатност Мерцедес Е220. На самиот врв на листата се уште неколку модели на Мерцедес и на Ауди , како Q7 , како и јагуар XF.

На дното на оваа листа се возачите на далеку поевтините модели автомобили . Најмалку предизвикуваат сообраќајки возачите на Опел Агила , 4,1% , а над неа се возачите на Хјундаи i10, Нисан Микра, Хјундаи Гец.

Под 5% веројатност за предизвикување сообраќајни несреќи на патиштата во Британија се и возачите на Панда, Џез, Сузуки Алто, Фирд К и Шкода Ситиго.

Германските луксузни автомобили , инаку, се меѓу десетте најпродавани во Британија во 2018.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер