Најголемата ракета полета во вселената- на лансирањето Маск во друштво со Трамп (ВИДЕО)

Компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск го лансираше шестиот пробен лет на вселенското летало Starship од Тексас.

На лансирањето присуствуваше поранешниот и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

НАСА планира да го користи Starship за испраќање луѓе на Месечината како дел од својата програма Artemis, објави Ројтерс.

– Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не само во вселената, туку и од земјата – напиша Трамп на својата социјална мрежа и му посака среќа на Маск за време на лансирањето на ракетата.

Ракетниот систем висок околу 122 метри, во кој астронаутите треба да слетаат на Месечината и да го пренесат екипажот на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на Spacex во Тексас. Ракетниот засилувач, наречен Super Heavy, не бил задржан како за време на петтиот пробен лет, туку паднал во Мексиканскиот залив. Ракетата Starship падна во Индискиот Океан по околу час и половина лет околу Земјата.

Трамп претходно најави дека ќе го назначи Маск на чело на новоформираниот Оддел за владина ефикасност во новата администрација.

Дневен хороскоп за 21. ноември 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 21. ноември 2024 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа.

Кариера

Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие.

Здравје и совет

Преиспитајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце.

Кариера

На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува.

Здравје и совет

Мали емотивни грижи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи.

Кариера

Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале.

Здравје и совет

Бидете будни во секој момент.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата.

Кариера

Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока.

Здравје и совет

Не ги заборавајте паузите .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка.

Кариера

Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте.

Здравје и совет

Можете да поместите планини.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас.

Кариера

Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.

Здравје и совет

Прифатете го она што доаѓа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат.

Здравје и совет

Прво промислете па потоа кажете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност.

Кариера

Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците.

Здравје и совет

Работете колку што можете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден.

Кариера

Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро.

Кариера

Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив.

Здравје и совет

Мали двоумења.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате.

Кариера

Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес.

Здравје и совет

Ќе ви недостига мир.Повлечете се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите.

Кариера

Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар.

Здравје и совет

Не мора сѐ да биде по ваше.

„Само Интервју“ со Орце Ѓоргиевски

Дами и господа вечерва во Само Интервју ќе гостува Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

Сите зборуваат за проблемите во главниот град, никој да ги санира, дали со одземање на дел од ингеренциите на Градот, ќе профункционираат јавните претпријатија?

Како да дишеме чист воздух, има ли јунак што ќе го ослободи Скопје од партиските преписки?

Дали и кој ги става под „тепих“ загадувачите во Метрополата?

Скопјани мака мачат на студеното време, Владата уште не набави автобуси, , се „кршат“ ли политичките копја, врз грбот на граѓаните?

Што е целта на Унгарскиот заем - придвижување на општините или бустирање на рејтинзите на градоначлаиците пред локалните избори?

За кого е, а за кого ЗЕЛС не е, мост меѓу локалната и централната власт, што беше иницијална каписла за незадоволството во заедницата, дали е целосно надминато или е само затишје пред бура?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Орце Ѓоргиевски, по вестите во 18 часот.

Научници откриваат кој вид на кафе се поврзува со канцер, а кое кафе е најздраво

Инстант кафето е најчестиот избор на љубителите на кафе во Европа, но експертите предупредуваат дека прекумерното консумирање на ова кафе може да го зголеми ризикот од некои видови на рак. 

Причината за тоа е што инстант кафето содржи двојно повеќе акриламид од меленото кафе - хемиско соединение кое се формира при готвење на храна и варење кафе на високи температури.

Акриламидот е прогласен за „веројатен канцероген“ од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), што значи дека постојат докази дека ова соединение може да предизвика рак кај луѓето. Лабораториските студии покажаа дека акриламидот во исхраната може да предизвика рак на белите дробови и репродуктивните органи кај животните, а научниците се согласуваат дека постои потенцијал акриламидот да предизвика рак и кај луѓето, според Агенцијата за стандарди за храна (FSA).

Едно полско истражување од 2013 година кое анализирало 42 примерока на кафе, вклучително и десет примерока од инстант кафе, покажало дека инстант кафето содржи двојно повеќе акриламид од свежо меленото кафе. Сепак, според истражувачите од Универзитетот Мекгил во Канада, треба да се испие околу десет шолји инстант кафе дневно за количината на внесен акриламид да стане загрижувачка.

Иако инстант кафето содржи акриламид, тоа исто така содржи повеќе антиоксиданси од меленото кафе, што може да ги заштити клетките од оштетување. д-р. Пал Маурович-Хорват, директор за медицинска дијагностика на Универзитетот Семелвајс во Будимпешта, вели дека инстант кафето содржи меланоидин, антиоксиданс кој ја зголемува разновидноста на бактериите во цревата, што може да помогне во заштитата од болести.

Филтер кафето кое се подготвува така што меленото кафе и жешката вода поминуваат низ хартиен или метален филтер, се смета за една од најздравите форми на кафе. Норвешките истражувачи ги проучувале навиките за пиење кафе на 500.000 луѓе во текот на две децении и откриле дека четири шолји филтер кафе дневно може да го намалат ризикот од болести на артериите, кои се главна причина за срцев удар.

Кафето на база на еспресо, како капучино, лате и „флат вајт“ се поврзани со придобивки за мозокот, вклучувајќи го и намалениот ризик од Алцхајмерова болест. Една италијанска студија од 2023 година покажала дека екстрактите од еспресо го намалуваат акумулирањето на токсичниот тау протеин, кој е еден од клучните фактори во развојот на деменција, кога се мешаат со мозочни примероци во Петриеви садови.

Откриено е дека кофеинот го намалува акумулирањето на амилоид, намалува воспаленија и изумирање на клетките во мозокот, што може да го намали ризикот од деменција. Сепак, според Здружението за Алцхајмерова болест, овие тврдења досега се потврдени само кај глувци, но не и кај луѓе, така што врската сè уште не е целосно докажана.

притисни ентер