Најавени засилени реакции од институциите за зголемувањето на цените во маркетите

Институциите од денеска ќе реагираат во однос на цените во маркетите, а доколку трговците продолжат со зголемување на цените на одредени производи реакцијата ќе биде уште по робусна во периодот што следи, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отпочнувањето на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода, претседателот на Владата не откри со какви мерки ќе се соочат трговците, туку нагласи дека граѓаните ќе бидат сведоци на тоа во периодот што следи.

Мицкоски посочи дека вчера во Владата разговарале со сопствениците на сите големи супермаркети и оти оставиле добра воља да не биде со пристап кој ќе значи ограничување на цени и.т.н, за кои тие велеле дека е непопуларна мерка.

- Сакавме да слушнеме од нив на добра воља да се поразговара и да се донесе заедничко решение, кое ќе биде прифатено. И тоа се случи. Тоа што некој од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. За тоа ќе има соодветни процедури, трае анализата и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани, рече Мицкоски.

Смета дека не е добро што си играат со трпението на граѓаните и оти во периодот пред празници на одредени производи цените биле зголемени и за 25 отсто.

-Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните и на Владата мислам дека не е добро и треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување, посебно пред празници на ваков начин не треба да се прават големи профити. Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25% се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување, подвлече Мицкоски.

Драматично опадна продажбата на Сајбертрек на Тесла

Иако Tesla Cybertruck во 2024 година забележа одлични резултати на пазарот, продажбата на овој модел почнува да губи на интензитет.

Сè подолгиот период на чекање за продажба и падот на бројот на регистрации укажуваат на промена на интересот на клиентите.

Според последните податоци, просечниот Cybertruck сега се чека на продажба дури 75 дена, додека во мај тој период бил само 27 дена. Паѓаат и регистрациите на овој модел: од 5.428 нови единици регистрирани во август, бројката падна на 4.335 во септември и 4.039 во октомври.

Тесла се обидува да ја зголеми продажбата со агресивно намалување на цените. Лизингот за Cybertruck беше намален од 999 долари на 899 долари месечно во ноември, со дополнителни поволности како што се три месеци бесплатно брзо полнење и технологија за целосно самостојно возење за сите нарачки испорачани до крајот на годината.

Експертите наведуваат дека проблемот лежи во самиот производ. Уникатниот дизајн на Cybertruck привлекува внимание, но не успева да ги придобие поконзервативните купувачи на пикапи, кои претпочитаат да се одлучат за докажани модели од Ford, Chevrolet и GMC. Додека тие модели често чинат слично колку Cybertruck, купувачите знаат што добиваат, за разлика од моделот на Tesla кој предизвикува двоумења.

Овој пад не ја одразува состојбата на пазарот на електрични возила во целина – на пример, европскиот пазар на електрични возила расте. Сепак, штрајкот во Тесла доаѓа во клучен момент кога конкуренцијата сè поагресивно влегува во игра.

Како Tesla ќе одговори на овој предизвик зависи од нивната способност да понуди модели со пристапни цени и да ја освежи нивната моментална постава. Контроверзната репутација на Маск дополнително ја комплицира ситуацијата, но иднината на компанијата останува интригантна.

Данската премиерка: Направив резерви со конзервирана храна поради страв од напад

Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека три дена складирала конзервирана храна и други основни работи поради страв од руски напади.

„Ги следам препораките на властите и верувам дека Данците треба да го сторат истото... Исклучително е важно да се држиме заедно“, изјави Фредериксен за dr.dk.

Според неа, потребно е да се складира не затоа што се очекува напад врз Данска, туку наводно поради ризик од сајбер или хибриден напад.

Фредериксен нагласи дека поголема одговорност за безбедноста на Данска мора да се преземе во текот на 2025 година.

Оваа година, данската агенција за управување со вонредни состојби ги советуваше Данците како да се подготват за кризни ситуации и препорача секој жител на Данска да се снабди со три литри вода дневно, храна за три дена, комплет за прва помош со лекови, лични хигиенски производи и топла облека, пренослив полнач, фенерче, готовина, свеќи, кибритчиња и радио приемник.

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека Русија нема да ги нападне земјите на НАТО. Путин истакна дека западните политичари редовно го заплашуваат своето население со наводната руска закана за да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми.

Со хеликоптер е пренесен тешко повредениот скијач од патеката во Бормио- излета од патеката

Страшни сцени се случија денеска во Италија, во Бормио, каде на тренинг францускиот скијач и ѕвезда Сипријано Саразан тешко се повреди кога излетал од патеката и завршил во заштитна ограда.

На моменти се чинеше дека Сипријано е неподвижен, но добрата вест која ја пренесува Еуроспорт е дека е свесен.

Но, поради природата на повредите тој морал итно со хеликоптер да биде пренесен во болница, а на социјалните мрежи се појавија видеа од самиот чин на извлекување на францускиот скијач од патеките во Бормио.

Сипријано изгуби контрола по еден скок, а Француската скијачка федерација најави дека во болницата ќе бидат извршени дополнителни контроли.

Претходно беше познато дека Бормио ја има една од најнеизвесните патеки на целото Светско првенство и несреќите не се ретки. Тука ќе се одржуваат и трки на Олимписките игри во 2026 година.

- Патеката е многу ледена и е голем предизвик ако ја споредиме со Вал Гардена (каде се одржа претходната трка), а сите знаеме какви опасности демнат - изјави за Еуроспорт швајцарскиот скијач Застан Мауриције.

притисни ентер