Надградени „Peugeot 3008“ и „5008“: Повеќе електричен опсег и нов „plug-in“ хибриден погон

„Peugeot“ освежи два од своите модели, така што тие сега доаѓаат во „plug-in“ хибридни варијанти и со подолг досег во електрични верзии.

„Peugeot 3008“ и „Peugeot 5008“ беа надградени една година по пристигнувањето на првиот, а половина година по доаѓањето на вториот модел на пазарот.

Новата „plug-in“ хибридна варијанта е комбинација од електричен мотор и 1,6-литарски турбо мотор со четири цилиндри. Има седумстепен автоматски менувач, а вкупно обезбедуваат 195 КС и 350 Nm вртежен момент.

Батеријата е со капацитет од 21 kWh, а со помош на електричниот погон, „Peugeot 3008“ поминува 84 km, додека „Peugeot 5008“ поминува 82 km.

За оние кои сакаат поголем опсег, има електрични верзии на двата модели.

Ќе има електромотор од 230 КС, а „Peugeot E-3008“ има батерија од 96,9 kWh, што му овозможува автономија од 700 километри со едно полнење. Моделот „Е-5008“ има домет од 668 километри.

Извор: Б92

Државното знаме се вее пред сите министерства и важни државни објекти во главниот град

По серијата прилози на Канал 5 за непоставувањето на државното знаме на  објектите на повеќе Министерства и институции, надлежните реагираат.

Согласност Законот за државни симболи, од денеска тоа се вее пред сите Министерства и поважни државни објекти. Дополнително, оштетените и парталави знамиња на повеќе објекти, што исто така е кршење на закон, сега е променети со нови.

Ова беше состојбата на зградата на Нова Македонија, каде што се сместени девет високи државни институции меѓу кои и Министерството за образование, локална самоуправа и за администрација. Сега сликата сосема поинаква. И на влезот на самиот објектот каде што местата предвидени за знамиња беа празни, повеќе не е така.

Државното знаме по повеќе години сега се наоѓа и пред објектот за Министерството за труд и социјална политика. И пред новата зграда на Министерството за транспорт и врски за прв пат е поставено македонското знаме.

Овие срамни слики од врвот на зградата на МТВ веќе се минато. Остатоците од знаме, се тргнати, а на јарболот е поставено ново знаме. Мал чекот со голема симболика.

Во близина е и зградата на Кривичниот суд. И тука јарболите повеќе не се празни. Нашето знаме е поставено.

Неверојатно беше и тоа што пред објектот на највисоката научна уставно во земјата МАНУ воопшто го немаше државниот симбол. За неколку дена од репортажата, знамето и тука е поставено...

СДСМ: Меџити призна дека власта има договор да го закочи Законот за бранители

Изет Меџити во интервју за Радио слободна Европа јасно кажа дека постои коалициски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН Законот за бранители (цитираме) „да остане заглавен“.

После ова признание на Меџити многу очајно личат овие маневри на ВМРО-ДПМНЕ, наивно мисли дека може некако да се спаси затоа што ги излажаа бранителите на кои им ветуваа поддршка.

Токму Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инаку коалициски партнер на Мицкоски, се уште одбива да ја свика надлежната Комисија и да го стави на дневен ред Законот за бранители. Иако има обврска согласно Деловникот.

Пратеничката група на СДСМ веќе упати писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое регира за ова непостапување за Законот за бранители.

Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад?

Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува собранискиот деловник.

Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието, се наведува во партиското соопштение.

Филипче-Спиропали: Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија, Венко Филипче, одржа средба со Претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со Претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

На средбата се разговараше за добрососедските односи помеѓу Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави.

Филипче и Спиропали, се согласија дека Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави.

Во тој контекст, претседателот Филипче посочи дека загрижува политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес на државата.

„Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата“, рече Филипче.

На средбата беше потврдена досегашната соработка помеѓу Македонија и Албанија, и важноста од зајакнување и унапредување на регионаланата соработка како на економско така и на билатерално ниво.

Воедно, на средбата, Филипче ја истакна соработката со сестринската Социјалистичка партија на Албанија, на билателарно ниво и во рамки на Партијата на европски социјалисти, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер