Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање до Даути да ја свика собраниската комисија

ВМРО-ДПМНЕ попладнево ќе поднесе иницијатива до претседателкката на комисијата за социјална политика Илире даути да закаже седница за законот за правата на припадмниците на безбедносн ите сили и очекува кон барањето да се приклучат и СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија кои се членови на комисијата за социјална политика, демографија и млади ги повикаа пратениците од СДС кои се членови на истата комисија да се потпишат на барање до г-ѓа Илире Даути за свикување на седница на Комисијата со точка на дневен ред - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Р. Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка кој имено е поднесен и е предлог на пратеничката Славјанка Петровска,

Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДС ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на комисијата Илире Даути не свика седница ќе поднесат барање за нејзино разрешување или интерпелација. Заземавме став како пратеничка група да почекаме одговор до 15:30 часот денес и воедно ја користам оваа прилика уште еднаш да ја повикам пратеничката Славјанка јавно да го соопшти ставот на СДС по однос на овој предлог. Во спротивно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесат ова барање без поддршка и потписи од пратениците на СДС, со што практично ќе се види нивната вистинска намера за политизирање.

Спиропали: Жалиме за неисполнувањето на обврската преземена од Македонија за уставните измени

За двојазичноста, застапеноста на Албанците во институциите, промената на уставот, коридорот 8 – надвор од вообичаената дипломатска пракса, претседателката на албанскиот парламент Елиза Спиропали од македонското собрание даде низа коментари .

За двојазичноста, застапеноста на Албанците во институциите, промената на уставот, коридорот 8 – надвор од вообичаената дипломатска пракса, претседателката на албанскиот парламент Елиза Спиропали од македонското собрание даде низа коментари за внатрешните прашања на Македонија. На прес конференцијата со нејзиниот колега Гаши ги кажа нејзините очекувања, а меѓудругото рече дека и било жал што земјава ги нема спроведено уставните измени како дел од преземените обврски за евроинтеграциите.

„Во блиска иднина, императив е и за ЕУ, така и за земјите од Западен Балкан да ги потврдат меѓусебните заложби во процесот на пристапување. Во овој контекст, жалиме за неисполнувањето на обврската преземена од Македонија во однос на уставните измени. Тие овде и пошироко се гледаат како соодветна жртва со заслужената награда што недостасува.“

Спиропали ја коментираше и најавата на Уставен за преиспитување на уставноста на Законот за јазици – рече дека очекува нивната одлука да биде согласно Охридскиот рамковен договор.

„Албанскиот јазик, барем за нас Албанците, е свет и истиот има врска со суштината на нашиот идентитет. Неговото кршење во која било форма, очигледно многу боли и го нарушува токму овој идентитет. Целосно ја препознаваме и ја разбираме загриженоста на албанскиот фактор за можноста од можни промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд, но очекуваме дека ваквите нарушувања ќе имаат решение согласно духот што го диктира Охридскиот рамковен договор.“

За законот за јазиците се огласи и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој имаше средба со Спиропали. Според него употребата на албанскиот јазик не треба да се повредува и со отворањето на ова прашање вели може да се креираат длабоки кризи.

Законот за јазици беше изгласан во 2018 година и објавен во Службен весник без потпис на указот од претседателот Ѓорѓе Иванов. Дури потоа беше испратен до Венецијанската комисија, а во одговорот оттаму најмногу забелешки имаа за судските постапки, со оценка дека законот наметнува нереални правни обврски. Тогашната владејачка коалиција СДСМ и ДУИ ветуваше дека ќе ги имплементираат препораките, но во пракса тоа не се случи.

Неодамна претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски изјави дека поради бројните дилеми и недоверба во Законот, судиите следниот месец ќе носат уставно-правна и аргументирана одлука за овој предмет, кој е формиран уште во 2019та година по поднесени 13 иницијативи од граѓани, политички партии и здруженија.

Бројот на жртви во израелскиот напад на Либан достигна над 270

Бројот на загинати од израелските напади на неколку области во Либан се искачи на 274, изјави министерот за здравство на земјата, Фирас Абијад.

Абијад тврди дека меѓу жртвите има 21 дете и 31 жена.

„Повредени се повеќе од 1.000 лица“, додаде министерот за здравство.

Тој тврди дека цел на Израел биле болници, медицински центри и амбулантни возила, додека Израел претходно изјави дека цел е Хезболах и куќи каде што било складирана муниција.

Во текот на денот, масовни гужви беа забележани во Либан, бидејќи граѓаните почнаа да бегаат од поголемите градови, а според израелскиот дневен весник, либанските власти почнаа да отвораат училишта за да обезбедат засолниште за илјадници бездомници.

Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле повеќе од 300 цели низ Либан за време на денешните напади, вклучително и многу станбени згради каде што членовите на Хезболах наводно складирале оружје и муниција користени во нападите врз еврејската држава.

Прв пат во историјата, церемонијата за доделување на Оскарите ќе се одржи надвор од САД

Академијата за филмски уметности и науки ќе ја одржи својата прва церемонија на доделување на Оскари надвор од САД следниот месец и ќе ги додели своите престижни годишни студентски награди во Лондон.

Церемонијата ќе се одржи на 14 октомври на плоштадот Лестер во Лондон и ќе биде прва меѓународна церемонија на Академијата за филмски уметности и науки, чие членство рапидно расте на глобално ниво во последните години.

Меѓу победниците, однапред објавени оваа недела, ќе биде Au Revoir Mon Monde, француски анимиран филм за човек заробен во џиновски костим за риби кој трча низ градот додека светот завршува со мистериозен метеорски дожд.

Други вклучуваат тајвански експериментален филм за тинејџерското откривање на сексуалноста, краток филм сместен за време на избувнувањето на чума во Кина во 1910 година и документарен филм од бегалски камп Рохинџи во Бангладеш.

На церемонијата ќе бидат објавени првото, второто и третото место, а сите победнички филмови ќе можат да се натпреваруваат за главниот Оскар следниот март.

Петтина од членовите на Академијата не се од САД, а ниту повеќе од половина од новите членови се поканети да се приклучат оваа година, вклучително и режисерот на „Анатомија на падот“ Џастин Триет и ѕвездата на филмот Сандра Хилер. Академијата, чии членови постигнаа извонредност во нивните области, од глума и режија до костимографија и шминка, секоја година гласаат за добитниците на Оскар.

притисни ентер