На ОИ, тренинзите во реката Сена беа откажани по петти пат поради квалитетот на водата

На Олимписките игри во Париз, тренинзите за пливање во реката Сена повторно беа откажани поради лошиот квалитет на водата.

За 8 и 9 август е предвидено да се одржат натпревари во пливање на отворени води.

Претходно, организаторите четири пати ги откажаа тренинзите за триатлонците во Сена. Но, на крајот медалите во овој спорт беа доделени.

Неколку триатлонци по тренинзите се пожалија на стомачни тегоби, а некои од нив ги откажаа настапите и не учествуваа на натпреварите.

Започна судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

Денеска во Основниот кривичен суд скопје започна судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Основното јавно обвинителство утринава побара исклучување на јавноста од целата расправа со образложение заштита на приватниот живот на мајката и сестрата на Вања.

Според обвинението, обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Судењето го следи Михајло Видимслиски. Михајло повели со деталите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Фото: Дунав надмина осум метри во Будимпешта

Најголемата европска река Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на викендот, најавуваат метеоролозите. 

Во Унгарија, која се бори со поплави откако циклонот Борис предизвика обилни врнежи во областа на Централна Европа, ситуацијата е најкритична во селото Кисмарос, каде локалното население веќе користи чамци на улиците, додека населението во градот на Баја се подготвува за најтешката поплава во последните 11 години пренесува порталот „Индекс.ху“.

„Во Будимпешта се очекува бавен раст, водостојот на Дунав ќе се зголеми за педесет сантиметри до сабота навечер, по што реката полека ќе почне да се повлекува“, изјави генералниот директор на националното водостопанство Иштван Ланг.

Тој нагласи дека поплавите се големи и дека одбраната е отежната. Тој рече и дека просечниот водостој на Дунав е околу педесет сантиметри понизок од нивото на водата за време на поплавите во 2013 година, но дека оптоварувањето на одбранбените линии е сепак многу значајно.

Ланг истакна дека времето за одбрана ќе биде подолго од претходно планираното бидејќи падот на водостојот е побавен од очекуваното.

Унгарија се бори со поплави откако циклонот Борис предизвика обилни врнежи низ централна Европа. Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении погодија делови од Полска, Чешка, Романија, Австрија и Словачка и однесоа најмалку 24 животи.

„Гответе со Дракче“ - Какао алва

Во четврток (19.09.2024) во емисијата гостин ни беше Пламенка Трајковска

Состојки за денешниот рецепт:

1кг. шеќер

200 мл. млеко

250 гр. маргарин

200 мл. масло за јадење

50 гр. желе бонбони

50 гр. суво грозје

50 гр. ореви

50 гр. сусам

100 гр. какао

1 пакетче ванилин шекер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер