На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ

За претседател на Друштвото остануваат кандидатурите на Миневски Блаже и Нешовски Мирче, а кандидатите за претседател на Собранието на ДПМ се Антоновски Иван и Марковски Стефан.

Претседателката на Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 27 јануари ќе закаже продолжување на седницата за вонредното изборно Собрание, поради тоа што на претходната седница немаше кворум за работа.

-Почитувани членови на ДПМ, ве известувам дека закажувам продолжување на седницата за вонредното изборно собрание на ДПМ за 27.01.2024 година во 11 часот во просториите на ДПМ, поради тоа што на закажаната седница за 25.11.2023 година немаше кворум за работа, соопшти Николовска на фесјбук страница на Друштвото.

За претседател на Друштвото остануваат кандидатурите на Миневски Блаже и Нешовски Мирче, а кандидатите за претседател на Собранието на ДПМ се Антоновски Иван и Марковски Стефан.

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата, вечерва го блокираа преминот Евзони (Богородица) кон Македонија за влез на товарни возила.

Веста за МИА ја соопшти началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

-Преминот Евзони е блокиран од 18:30 часот за влез на товарни возила и според информацијата од грчка страна блокадата ќе трае еден час, односно треба да заврши во 19:30 часот по македонско време, изјави Богев.

За времетрањето на блокадата не се пропуштаат камионите, односно како што беше порано кога на секои половина час по десет минути се пропуштаа возила.

Во изминатите денови иако имаше најави за блокади на Евзони од грчките земјоделци, сепак преминот остануваше отворен. Последен пат овој премин за влез во Грција беше блокиран на 20 овој месец. /MИА

Алегри прв тренер кој освоил 1000+ бодови во Серија А

Предводникот на Јувентус, Масимилијано Алегри е првиот тренер кој стигнал до повеќе од 1.000 бода во Серија А.

Јувентус денес на домашен терен славеше над Фросиноне (3:2) во 26. коло од Италијанското фудбалско првенство.

Ова е 301. победа на Алегри на турнирот, со 99 нерешени и 96 порази. Тој има 1.002 бода во Серија А.

Да потсетиме дека Серија А започна во сезоната 1929/30. Пред сезоната 1994/95 во Италија за победа се доделуваа 2 бода, а оттогаш по три.

Масимилијано претходно беше тренер на Каљари, Милан, Сасуоло и Удинезе. /МИА

Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари оваа година

Украина очекува да добие 11,8 милијарди американски долари економска поддршка оваа година, изјави денеска нејзиниот премиер Денис Шмигал.

Киев се соочува со буџетски недостиг од 37 милијарди долари во 2024 година поради двегодишната руска инвазија и се потпира на западните партнери за оваа витална помош.

Шмигал изрази надеж на форумот во Киев по повод втората годишнина од руската инвазија дека американските пратеници ќе ја одобрат долгоочекуваната економска и воена помош.

„Длабоко сме убедени дека САД нема да ја напуштат Украина“, рече тој, мислејќи на помошта од 60 милијарди долари што со месеци беше блокирана во американскиот Конгрес. /МИА

притисни ентер