„Ситуацијата во Израел е многу комплицирана по 7 октомври 2023 година. Ние бевме изненадно нападнати. Тоа беше доста брутален напад. Хамас нападна градови из аедници по границата со Газа каде живеат цивили. Исто така нападнаа и некои воени бази. Но, злосторствата кои ги направија во градовите и во заедниците, се многу тешки да се замислат за човеково суштество. Убиваа деца пред своите родители, убиваа родители пред своите деца. Сексуално злоупотребуваа мажи, жени. Киднапираа над 240 заложници. Убија луѓе кои прославуваа на мировен фестивал, музички фестивал на кој се повикуваше на мир.“, изјави амбасадорката на Израел.
„Израел, владата на Израел и државата Израел има право на самоодбрана и да гарантира дека тоа што се случи на 7 октомври нема да се повтори. И поради таа причина продолжуваме да се бориме против Хамас бидејќи нема да дозволиме Хамас повторно да владее во Газа. Не смееме да дозволиме, било кој да го повтори истото нешто повторно. И сигурни сме дека доколку повторно дојдат на власт во Појасот Газа ќе се обидат да ги повторат овие злосторства и нема да имаме никаков мир и стабилност во регионот.“, рече Франкел во интервјуто.
„Истото се однесува и за северот на државата. Таму Хезболах продолжува да напаѓа села, заедници. Не извршија инвазија врз територијата, но во исто време ги уништуваат тие села и заедници и имаме над 60 илјади бегалци.“, додаде амбасадорката Франкел во ексклузивното интервју за Канал 5. Со неа разговараше Јован Ѓорговски.