Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ја продаваат вилата во Њујорк за 12 милиони долари

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ја продаваат својата вила во Њујорк, а американската агенција за недвижности објави фотографии од луксузниот ентериер. 

Сместена северно од Њујорк и свртена кон реката Хадсон, куќата има четири ката, осум спални соби и 12 бањи.

- Кога го купив нашиот дом во Ирвингтон, знаев дека нашето семејство ќе сподели многу среќни времиња овде, па така и беше, изјави Зета-Џонс за „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal).

На почетокот на овој месец, глумците објавија дека нивната куќа покрај реката во приградското село Ирвингтон во округот Вестчестер во Њујорк е на продажба за 12 милиони долари.

На првиот кат има затворен базен, вежбалница и просторија за рекреација. Свечена дневна соба, салон, работна и семејна соба и кујна се исто така меѓу погодностите што ги има вилата. Кујната е направена во стил на рурална селска куќа, со ѕидови со бели плочки, мермерни површини, уреди од германскиот бренд „Миеле“ (Miele) и златни мотиви. Посебна просторија е двокатната библиотека со камин на дрва, од црна тула, и француски прозорци со заоблен врв.

Холивудската двојка, која се венча во 2000 година, го купи замокот за 4,5 милиони долари во 2019 година и ја реновира куќата, зачувувајќи ги нејзините изворни одлики и изглед од 1920-тите. Парот поседува и друг недвижен имот ширум светот, а вилата одлучиле да ја продадат бидејќи, како што велат - „повеќе време поминуваат на Бермудите и во Европа“. /MИА

Порно актерка спиела со мажи од 40 држави, има и од регионот: Ги избирам според пасошот (ВИДЕО)

Порно актерката Коко Бае сака да спие со мажи од целиот свет.

Нејзиниот план е да има секс со барем една личност од секоја земја. Досега достигнала бројка од 40 земји и не сака да застане тука. Неодамна таа гостуваше во подкаст каде зборуваше кои се најдобри, а кои најлоши љубовници.

„Моите правила се да ја бројам земјата што е во пасошот, а не каде живее човекот во моментот кога се среќаваме“, рече Коко.

„Сум била со мажи од Америка, Канада, Велика Британија, Израел, Австралија, Хаити, Ел Салвадор, Холандија, Норвешка, Грција, Франција, Белгија, Германија, Данска, Ирска, Никарагва, Италија, Гватемала, Швајцарија и Аргентина. Таа потсети дека на листата ги додаде и Хондурас, Костарика, Тајланд, Русија, Албанија, Бразил, Индија, Шпанија, Перу, Либан, Алжир, Ерменија, Шкотска, Украина и Нов Зеланд.На пописот се нашле и мажи од Хрватска и од Србија.

Таа објасни дека Латиноамериканците се најгруби во кревет и дека најмногу се забавувала со маж од Бразил. „Тие се само за забава“, рече таа. Зборуваше за тоа како била изненадена повеќе од еднаш бидејќи народите за кои мислела дека се конзервативни воопшто не биле такви, главно Арапи и Индијци.

Според нејзиното искуство, најдосадни ѝ биле Германците и Англичаните. „Меѓутоа, и покрај тоа што беа малку здодевни, тие беа многу љубезни и сакаа да ме задоволат“, објаснува оваа порно актерка. Таа рече дека австралиските мажи треба да вложат повеќе напор.

Еден Русин ѝ бил сосед, но не можела да го следи неговото темпо, кое порано траело со часови и поради тоа го оставила. Таа се присети и на еден маж од Белгија кој ја лажел за неговата возраст. Тој ѝ рекол дека има 20 години, а кога случајно го погледнала неговиот пасош, дознала дека тој штотуку станал полнолетен.

Коментарите на нејзините изјави се поделени. Додека едни ѝ честитаат на храброста, други не се многу среќни што таа зборува за се во јавноста. „Не треба да се гордеете со ова“, „Вашето семејство сигурно не се гордее со вас“, коментираат оние кои не ги одобруваат нејзините постапки.

Гола пијана заболекарка направила хаос на бензинска во Германија (ФОТО)

Гола жена ноќеска дивеела и врескала на бензинска пумпа во Германија, згрозувајќи ги возачите кои ја снимиле бизарната сцена на своите мобилни телефони.

Набрзо се испоставило дека таа е целосно пијана заболекарка, пишува Билд.

Ова, како што набргу се испоставило, не е прв случај 49-годишната жена од Северна Рајна Вестфалија да предизвика хаос кога била во тешка алкохолизирана состојба, односно дека во минатото предизвикувала внимание и интервенција на полицијата.

Како што објави Билд, стоматологот наводно е зависник од алкохол и дрога - но ѝ е дозволено да продолжи со праксата и лекување пациенти.

Дури во средата, според информации на Билд, во нејзината ординација се случила опасна ситуација: стоматологот се појавила со мачета, мавтајќи со неа и викајќи: „Јас сум во џунгла“.

Поради ова, медицинските сестри ги откажале сите термини за пациентите: „На стоматологот одеднаш ѝ се слошило“, им рекле на пациентите преку телефон.

Според вработените, само благодарение на среќата досега немало никакви грешки во лекувањето на пациентите: „Може да има среќа што има искусен асистент“.

Само годинава против стоматологот веќе има седум кривични пријави: меѓу другото и за навреди, физички повреди и дрога. Неодамна полицијата ја пронашла гола на улица - со 3,2 промили алкохол во крвта. Ноќта ја поминала во притвор.

Како е можно очигледен алкохоличар да продолжи да ја работи својата работа?

За надлежната надзорна служба, овој стоматолог не е непознат - но регионалната влада во Арнсберг има врзани раце: пречките за одземање на лиценцата се многу високи.

„Ги испитуваме сите законски можности“, изјави за Билд портпаролот на надзорната служба.

Според информациите на германскиот весник, стоматологот веќе неколку пати побарала стручна помош, но секогаш ја прекинувала терапијата. Исто така, таа не одговорила на прашањата во врска со овој инцидент.

Мајка на две деца загина на Алпите- жичарницата ѝ ја закачи облеката и ја повлече (ФОТО)

Маргерита Лега (41), мајка на две деца, загина на италијанските Алпи откако падна во провалија длабока 150 метри.

Трагедијата се случила вчера околу 11 часот, откако планинската жичарница ѝ ја зафатила облеката, пишува La Repubblica.

Се верува дека децата на несреќната жена го виделе падот во провалија. Лега паднала во долината Анзаска, област во Пиемонт популарна кај планинарите, која се наоѓа североисточно од Торино.

Жичарницата, која се користи само за транспорт на предмети, одеднаш се вклучила додека Лега го товарела багажот во неа. Жичницата ја повлекла повеќе од 50 метри преку работ на карпата. Откако жичарницата повеќе не можела да ја издржи тежината на 41-годишната жена, жената паднала. Сопругот на жртвата бил сослушан во локалната полициска станица.

Градоначалничката на Каласко Кастиљоне, Силвија Типалди изрази сочувство до семејството и рече дека е шокирана од трагичната смрт на жената. Типалди рече дека жичарницата била редовно проверувана и оти верувала дека трагедијата се случила случајно.

Семејството се обидувало да стигне до селото Дрокала, каде што има само неколку куќи. Се уште не се знае дали отишле таму бидејќи таму имаат роднини, пријатели или само поминувале. Скоро 400 метри е долга жичарницата што го поврзува селото со планината и поминува низ стрмна клисура. Со жичарницата обично управуваат две лица - едно на врвот и едно на дното.

На местото на страшната несреќа пристигнале повеќе од 100 лица од итната помош, вклучително и пожарникари, полиција и тимови за спасување на планина. Телото на 41-годишната жена е лоцирано и извлечено од клисурата со помош на хеликоптер и алпинисти.

Додека се утврдуваат околностите на настанот и додека се истражува дали се почитувани сите безбедносни мерки, жичарницата е запечатена. Пријавено е дека системот одеднаш започнал да работи сам, а причината допрва треба да се утврди.

притисни ентер