Муцунски на работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствуваше на работен појадок.

Во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствуваше на работен појадок, каде заедно со своите колеги министри за надворешни работи разменија мислења за актуелните глобални и европски политички прашања.

Фокусот на дискусијата беше ставен на динамиката на евро-атлантските интегративни процеси и специфичните предизвици на секоја од земјите. Притоа, министрите се согласија дека интеграцијата во Европската Унија останува врвен приоритет, проследен со почитување на европските вредности. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна долгиот евроинтеграциски пат што државата го изоди во изминатите две децении и говореше за кредибилноста на проширувањето, кое треба да се заснова на исполнување на реформската агенда.

Попладнево, како дел од делегацијата предводена од претседателот на владата, Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница, каде фокусот ќе биде ставен на теми како што се енергетската безбедност, економската сигурност и регионалното поврзување, сооопштуваат од МНРНТ.

Шефот на СЗО бил на аеродромот во Јемен за време на израелски напад, итно се обрати до јавноста

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека бил на јеменскиот аеродром во Сана кога бил погоден од израелски воздушни напади.

Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека требало да се качи на лет од Сана со персоналот на ОН и СЗО кога „аеродромот бил бомбардиран од воздух“.

„Еден од членовите на екипажот на нашиот авион е повреден. Најмалку две лица загинаа на аеродромот“, рече тој.

Тој додаде дека биле оштетени кулата за контрола на летање, салонот за поаѓање, кој бил на неколку метри од него и пистата.

Шокантен пресврт во истрагата за причините за падот на патничкиот авион во Казахстан

Истрагата во Казахстан не покажала дека азербејџанскиот патнички авион што се урна вчера бил соборен од руската авијација, изјави сообраќајниот обвинител на областа Мангистау, Абилајбек Ордабаев.

„Истрагата во Казахстан не доведе до заклучок дека руската воздушна одбрана го соборила азербејџанскиот авион“, рече обвинителот.

Властите на Казахстан изјавија и дека „ниту може да се потврди, ниту да се негира дека руската воздушна одбрана го соборила азербејџанскиот авион“. Најавено е дека и денеска не можат да дадат официјално објаснување за тоа што се случило, пренесе Ројтерс.

Од друга страна, како што јави Јуроњуз, повикувајќи се на извори од азербејџанската влада, прелиминарната истрага покажала дека руска ракета земја-воздух го предизвикала соборувањето на авионот на Азербејџан ерлајнс во Казахстан.

Според изворите, проектилот бил истрелан кон летот 8432 за време на воздушната активност на беспилотни летала над градот Грозни, а шрапнели ги погодиле патниците и екипажот во кабината откако дронот експлодирал покрај авионот среде лет.

Владини извори за Euronews изјавија дека на оштетениот авион не му било дозволено да слета на ниту еден руски аеродром и покрај барањата на пилотот за итно слетување и му било наредено да прелета преку Каспиското Море до градот Актау во западен Казахстан.

Според податоците, GPS навигациските системи на авионот биле заглавени во текот на целата патека на летот над морето.

Ракетата била истрелана од системот за противвоздушна одбрана Pancir-S, објави весникот „AnewZ“, повикувајќи се на извори од азербејџанската влада.

Меѓу жртвите има и државјани на Русија, како и оние од соседните земји, јавува Јуроњуз.

Авион на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни кога излетал од курсот и се урнал вчера додека се обидувал принудно да слета во близина на градот Актау во Казахстан откако го прелетал Каспиското Море.

Во Азербејџан денеска е прогласен Ден на жалост поради авионската несреќа во која загинаа 38 лица, а 29 преживеаја, додека причината за авионската несреќа сѐ уште не е позната.

Ванди лета на метла – сите се чудат како е тоа можно (ВИДЕО)

Ванди Ванг сака параглајдерство и својата љубов кон авантурата, односно небесните височини редовно ја искажува на социјалните мрежи.

Неодамна се маскирала во вештерка, јавнала метла, а со својата храброст и креативност предизвикала внимание и восхит, пренесува NDTV.

На објавеното видео се гледа како таа самоуверено лебди во воздухот, со метла во рацете.

„Денес ќе ги натерам сите професионални летачи да ме гледаат. Можеби нема да можам да ги победам на снегот, но можам да ја затворам празнината. Ха, ќе одам надолу“, рече таа.

Бројни корисници беа воодушевени од снимките и оставија коментари за поддршка.

„Вештерките побегнаа и ги маѓепсаа луѓето“, напишала една личност, а друга додала: „Те сакам. Еден ден сакам да летам со тебе“.

Коментираа и оние кои не се љубители на височините, а еден корисник напиша: „Ова ќе ми го избрише стравот од скокање со падобран. Ако имав костим за вештерка и метла, веројатно би бил добар во тоа“.

Имаше и такви кои беа изненадени од отсуството на ракавици на рацете на Ванда: „Толку слатко, но без ракавици - сигурно сте се смрзнувале“.

притисни ентер