МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот

Министерството за образование и наука им го честита 5 Октомври на сите просветни работници во Македонија, посакувајќи им добро здравје и многу успеси во тековната учебна 2024-2025 година.

Несомнено, ја имате најважната улога во воспитно – образовниот систем. Пренесувајќи го знаењето на младите, создавате нови генерации учесници и предводници на општествените процеси. Вие ја креирате иднината на државата и потребна е поголема државна и севкупна општествена поддршка и почит кон Вас и просветителската дејност.

Новото раководство на Министерството за образование и наука и новата Влада имаат големи очекувања Вас, но и ќе го наградат вложениот труд. Повеќегодишниот план за подигнување на дигнитетот на наставничката професија и подобрување на општествено – економскиот статус на наставниците, предвидува делување од повеќе аспекти.

Ќе се погрижиме за подобрување на условите за работа, за континуиран кариерен и професионален развој преку обуки од интерес на профилот на наставникот. Ослободување од притисоците и влијанијата врз работата и најмногу врз оценувањето на постигањата на учениците, а ќе обезбедиме постојан и вистински раст на платите. Наставниците да бидат спокојни, отсега Министерството за образование и наука ќе им биде доверлив партнер и во тоа ќе се уверат во времето што доаѓа. А она што го бараме за возврат е само најдобро што можат да ја работат својата работа и на децата да им го даваат најголемото и трајно богатство во животот – знаењето.

Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот!

Министерство за образование и наука

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Да се заблагодарам најпрвин на новинарите за интересот за овој настан. 

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка, добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен, но со самото ова и она што ќе започне од понеделник, тоа е реконструкција на ГП Клепало.

Покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана. Мораме да напоменеме дека македонските граѓани коишто ќе го отплаќаат овој кредит ќе добијат модерен граничен премин исто така ќе добијат модерни гранични премини каде што ќе имаме поефикасна работа на Царинската управа.

Кога сме кај ефикасната работа на Царинската управа можам, да кажам дека пред 2 во суштина беше тоа, е спречена нелегална трговија на 36 килограми опојна дрога, марихуана, а во текот на вчерашниот ден имаше нелегална трговија на лекарства исто така во огромна количина и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Криминалците нема да бидат повеќе безбедни. Со заминување на власта на претходната Влада на СДСМ и ДУИ пораката којашто сакаме да ја упатиме е дека секој оној што ги почитува законите и Уставот ја има и нашата почит, но секој оној криминалец без разлика дали е тоа политички или поинаков ќе биде фатен, спроведен и однесен да одговара за тоа што го прави.

Така што мора да има правна држава насекаде, на целата територија на Република Македонија, но важно е дека македонските граѓани коишто ќе ги плаќаат овие кредити коишто ги зима македонската Влада ќе добијат европски услови кога ќе ги поминуваат граничните премини и ќе нема повеќе гужва и турканици како што тоа беше во минатото.

Уште еднашка благодарам на Министерството за транспорт, Царинската управа, да се заблагодарам на пратениците од македонското Собрание коишто се денеска тука со нас, на претставникот на Светска банка коишто е заемодавач на овој кредит коишто ќе го плаќаат македонските граѓани и се надевам дека ќе има многу вакви проекти во иднина.

Најмалку 13 загинати и 6 исчезнати во поплавите во Босна и Херцеговина

Со механизација и рачни алати, пожарникарите, волонтерите и самите жители на најпогодените места од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина, втор ден трагаат по исчезнатите лица под урнатините. 

И официјалиот број на загинати варира, повредените се згрижени, оние кои изгубија кров над глава се сместуваат кај родини и пријатели. Сите човечки и материјални ресурси на кризните штабови во јужниот и централниот дел на државата се ставаат на располагање да помогнат онаму кадешто е најтешко..

-По консолидирањето на состојбата на терен, утврдено е дека три тела двапати биле пријавени од различни служби, па сега таа бројка е корегирана на 13, од кои едно лице починало на подрачјето на Коњиќ, поточно од Бутуровиќ Поље, 12 во Јабланица. Среќен сум што можам да соопштам дека мајката која за жал вчера го изгуби своето неродено бебе, е стабилна. - Дарко Јука – портпарол на херцеговско-неретвански кантон

Најлоша е состојбата во Јабланица, а повремениот дожд уште повеќе ја отежнува работата на локалците кои се обидуваат да ја вратат нивната општина во нормала. Срушени куќи, улици и автомобили и натаму се под вода – цели населби до непрепознатливост.

-Ако ја погледнеме сликата зад мене, овде имаше најмалку 10 куќи, а сега нема ништо. Освен тиња, кал, дрвени конструкции, камења.. Куќите се потполно однесени, срамнети со земја и навистина на ова подрачје да се живее е невозможно.- Недим Пуриш – репортер на БХРТ

Проблем за населението и за спасувачките екипи е прекинот на струја, но и движењето по патиштата по кои се обидуваат да се пробијат до отсечените села. Асфалтот е речиси целосно уништен, мостовите и пругите нефункционални.

-Состојбата на терен не е добра. За жал, пронајдовме едно лице мртво, за четири се уште се трага. Километри патишта се уништени, оштетени, речиси сите мостови на неретванското подрачје оштетени или уништени, струја нема, телефони нема, екипите се на терен се обидуваат да ги стават во функција. - Хусеин Хоџиќ – началник на Агенција за цивилна заштита – Коњиц

-Водата ги однесе куќите, цели семејства останаа без ништо. Но, фала на господ ги спасивме барем нив. Имаме уште исчезнати, денеска ги бараме... Не знам што да кажам.- Мевлида Шахиновиќ – жителка на Бутуровиќ Поље

Од ужасните поплави се зафатени бројни општини- Јабланица, Коњиц, Кисељак, Фојница, Крешево, Вареш, како и околните села. Откако се случија апокалиптичните сцени особено во Долна Јабланица која е целосно затрупана во камен одрон, во Босна и Херцеговина се отвори дилема – дали блискиот каменолом е главната причина за страшниот порој кој ја зафати оваа населба.

За помош на населението веќе се мобилизираат балканските организации, меѓу нив и македонскиот Црвен крст со парична сума од 10 илјади евра и отворени телефонски линии за донации.

Трагедија во Гостивар, почина шестгодишно момче, му се слошило на тренинг

Дете на шест годишна возраст починало во Гостивар на фудбалски тренинг. 

На детето му се слошило за време на тренингот,и со возило на Брза помош било однесено во општата болница во Гостивар, каде што пристигнало без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот“, известија од МВР.

Лекарите се обидувало да го реанимираат, меѓутоа на крајот можеле да констатираат само смрт, се очекуваат резултатите од обдукцијата.

притисни ентер