Потребни состојки : 1 парче свинско филе, 300 гр. маринирани печурки, малку зачин од сув зеленчук, малку оригано, малку магдонос, масло и вода по потреба и готов сос за згуснување.
Постапка:
Свинското филе се сече на тркалца и се става на скара да се пропече.
Парчињата месо се полеваат со малку масло и се зачинуваат со сув зеленчук.
Во тава со масло се пропржуваат маринирани печурки и се додава малку вода.
Потоа во тавата се додаваат парчињата месо и се зачинуваат со сечкан магдонос и оригано.
Се додава готов сос за згуснување и состојките се оставаат да крчкаат околу 5-10 минути.
На крај состојките се ставаат во земјена тава и одозгора се додава сечкан магдонос.