Министерката Канческа-Милевска го прими хрватскиот пијанист Мрвица

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска денеска го прими еминентниот пијанист од Република Хрватска, Максим Мрвица, кој утревечер во Охрид ќе одржи концерт во рамки на 54. издание на „Охридско лето“.

Канческа-Милевска го искажа своето особено задоволство што Мрвица ќе биде еден од звучните имиња кои оваа година ќе го збогатат репертоарот на веќе светски етаблираната манифестација.

Таа му посака успешен концерт, како и голем успех во понатамошната кариера.

На средбата министерката му подари фотомонографија „Чудесна Македонија“ во која се презентирани природните убавини и културното наследство на земјата.

Ова ќе биде прв настап на мега-популарниот пијанист пред македонската публика. Неговите концерти претставуваат шаренолика музичка фузија проследена со специјално осветлување, сценски и видео ефекти.

По настапот во рамките на „Охридско лето“ Мрвица ќе одржи концерти во Пула и Задар.

Максим Мрвица, е роден на 2 Мај 1975 во Шибеник. Од својата деветта година почнал да зема часови по пијано и истата година го одржал својот прв јавен настап. Само три години подоцна го одржал и својот прв концерт. Се запишал на Музичката академија во Загреб, каде студирал пет години во класата на професорот Владимир Крпан. Исто така поминал една година во конзерваториумот „Франц Лист“ во Будимпешта.

За ЕМИ Класикал има снимено десетина албуми. Првиот негов албум платинест албум „The Piano Player“ е продаден во неколку милиони копии во Малезија, Кина, Индонезија, Тајван, Сингапур и Хонг Конг. /МИА

Засадени 15 дрвца во чест на работниците кои минатата година загинале на работните места

15 садници за петнаесет загинати работници минатата година на своето работно место, вака Македонското здружение за заштита при работа го одбележа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Од здружението обвинуваат државата не води статистика, судските постпаки за овие случаи се влечат со години, работодавачите не доволно се казнуваат.

„Оваа година броиме дека најмногу има загинато во градежниот сектор, но трендот на гинење на работни места се уште го држи земјоделството. Или поточно местата каде самите работници имаат најмалку пристап до создавањето на таа превентивна култура, во смисла на обуки, во смисла на лични заштитни средства, во смисла на побезбедни алатки уреди со кој работат.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Според статистиката која ја води здруженитето иако е значително намален бројот на несреќи кои имаат фатален крај на работното место, бројот на повредени работници е висок, според нив доколку законот не е само на хартија, и овие повреди може значително да се намалат. Велат клучот лежи во казнивоста на работотдавачите кои мора да разберат дека луѓето не се само бројка.

„Доколку видиме лична одговорност кон еден кој не го почитува законот, кој што ќе биде казнет за пример на сите останати тогаш ќе дојдеме до ситуација дека свеста кај сите останати кои се обидуваат да делуваат како да ќе поминат без последица тогаш мислам дека ќе се промени. Вториот начин е кога веќе имаме несреќа на работните места задолжително мора да дојдеме во ситуација да ги разбереме механизмите кои довеле до повреда. Не може вака да поминуваат несреќи, по несреќи, по несреќи за на крајот тоа да биде само пуста статистичка бројка.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Мината година повеќе од 2илјади работници се здобиле со сериозни повреди на своите работни места. Пред неколку дена по повод меѓународниот ден, надлежните институции во земјава посочија дека голем дел од несреќите при работа се последица на недоволното и несоодветно превземање на превентивни и заштитни мерки неопходни за заштита на здравјето и животот на рабтониците.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

притисни ентер