Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја

Северна Кореја денеска по воздушен пат испрати во Јужна Кореја околу 100 балони за ѓубре, втор ден по ред од ваквата провокација, соопшти јужнокорејската армија.

Според новинската агенција Јонхап, началникот на Здружениот Генералштаб соопшти дека околу 60 товари со отпад биле откриени околу делови од Сеул и провинцијата Ѓеонгги, по последното лансирање кое започнало рано утринава.

Како што е соопштено, товарите се состојат од ѓубре од домаќинство - хартија, најлонски кеси и шишиња, а не се откриени опасни материи.

Од крајот на мај, Северна Кореја испрати повеќе од 5.000 балони преку границата во Јужна Кореја.

Во своето претходно лансирање, Северна Кореја испрати околу 120 балони за ѓубре во понеделникот.

„Ќе одговориме силно, не само на местото на потекло на кампањата, туку и на силите за поддршка и команда. Веруваме дека Северна Кореја ја премина границата во врска со провокациите со балони за ѓубре“, изјави министерот за одбрана Ким Џонг-хјун пред пратениците при неговото излагање на собраниската седница.

Тој им се извини на народот за зголемените непријатности предизвикани од балоните од Северна Кореја, наведувајќи дека армијата ќе го разгледа најдобриот одговор, имајќи ја предвид безбедноста на населението пред сѐ.

Тој го повика парламентот да усвои резолуција со која се осудува кампањата со балони за ѓубре и најави „строги“ воени мерки доколку севернокорејската кампања со балон за ѓубре предизвика сериозна штета на јужнокорејскиот народ.

Како одговор на лансирањето на балони, војската на Јужна Кореја има секојдневни преноси против севернокорејската пропаганда преку звучници долж границата од 21 јули, но се воздржуваат од директно соборување на балоните, повикувајќи се на безбедносни причини.

Шумските пожари во Боливија опустошиле рекордни над 10 милиони хектари шума (ВИДЕО)

Шумските пожари во Боливија уништија повеќе од 10 милиони хектари шума, главно на истокот од земјата.

Шумските пожари во Боливија уништија повеќе од 10 милиони хектари шума, главно на истокот од земјата, а најтешко е погоден богатиот земјоделски регион во близина на границата со Бразил, Санта Круз, каде изгореа и речиси седум милиони хектари шума, како и областа Бени, каде што се опустошени три милиони хектари шума.

Според податоците на бразилската вселенска агенција ИНПЕ, до 6 октомври годинава во Боливија имало 82.117 активни пожари, што е само за 1.000 помалку од рекордот поставен во 2010 година, пренесува Ројтерс.

„Она што се случи во последните месеци во источна Боливија, и ќе продолжи да се случува барем до октомври, е катастрофа без преседан во земјата. Оваа катастрофа влијае на животите на илјадници домаќинства, земјоделци и домородни луѓе, од кои многумина се раселени поради загубата на нивните домови, посевите и средствата за живот, како и загадувањето на воздухот и водата“, рече истражувачот на фондацијата „Тиера“, Хуна Пабло Чумасеро.

Директорот на таа фондација, Гонзало Колк, рече дека 2024 година ќе остане запаметена како година на најтешката еколошка катастрофа во историјата на Боливија.

Владата на Боливија минатата недела прогласила национална катастрофа по барање на локалните власти.

Научниците велат дека иако повеќето пожари се подметнати од луѓе, неодамнешните топли и суви услови поради климатските промени предизвикани од употребата на фосилни горива предизвикуваат пожарите да се шират побрзо.

Објавена е нова анкета на само четири недели до изборите во САД

Четири недели пред претседателските избори во Соединетите држави, Камала Харис има благо водство од 3 поени пред противкандидатот Доналд Трамп, според анкетата на Њујорк Тајмс објавена денеска.

49 отсто од испитаниците на национално ниво рекле дека имаат намера да гласаат за кандидатката на Демократите, актуелната потпретседателка, во споредба со 46 отсто за нејзиниот републикански ривал.

Резултати од анкетата на NYT:

• Камала Харис: 49 проценти

• Доналд Трамп: 46 проценти

Оваа 59-годишна кандидатка се пробива меѓу републиканските гласачи, од кои 9 отсто ја поддржуваат, покажува ова истражување спроведено во соработка со колеџот на Универзитетот во Сиена. Харис се обидува да собере дел од овој електорат со уверување дека некои умерени републиканци не сакаат уште еден претседателски мандат од 78-годишниот милијардер познат по своите испади.

Минатата недела, демократката организираше предизборен митинг заедно со поранешната републиканска кандидатка Лиз Чејни, која беше одбиена од Доналд Трамп. Харис, исто така, вчера ја повтори својата намера да назначи републиканец во нејзиниот кабинет доколку биде избрана.

Анкетата на Њујорк Тајмс објавена во средината на септември покажа дека двајцата кандидати за Белата куќа се во целосна рамноправност на национално ниво, при што и двајцата би победиле со 47 отсто.

Во Соединетите Држави, претседателските избори се спроведуваат со индиректно универзално право на глас, а неколку држави се многу поларизирани и кандидатите имаат подеднаква предност.

За анкетата објавена денеска, Њујорк Тајмс анкетираше 3.385 гласачи низ целата земја во периодот од 29 септември до 6 октомври. Маргината на грешка е околу 2,4 поени.

Снимката на Сидни Свини „го урна“ интернет: Најсексипилната актерка гола во када (ВИДЕО)

Актерката Сидни Свини на социјалните мрежи се пофали дека е жена на годината на Glamour и дека блесна на насловната страница на списанието.

Ѕвездата на сериите „Еуфорија“ и „Белиот лотос“ беше прогласена за најсекси жена на светот, а со своите неодамнешни објави на Инстаграм повторно ја подигна температурата.

Имено, Свини позирала гола во када за да промовира линија производи гел за тело, а интернетот „полуде“ по тие сцени.

„Продажбата отиде во стратосфера“, „Ова можеби е најдобриот маркетинг тим што некогаш сум го видел“, напишаа корисниците на социјалните мрежи.

Инаку, актерката постојано добива комплименти за својата убавина, а како што објавивме претходно, постои научна причина зошто ја сметаат за толку неверојатно убава.

"Убавината на Сидни Свини е вкоренета во фактот дека нејзините црти на лицето се симетрични и тесно усогласени со совршена хармонија и пропорција. Овие идеални пропорции на лицето често се нарекуваат "златен пресек". Златниот пресек може да се примени и на обликот на градите. Анатомија на половината и односот на задникот и половината. Кога ја анализираме нејзината фигура користејќи ги овие соодноси, таа ги исполнува сите критериуми“, изјави пластичниот хирург Онур Гилеар.

притисни ентер