Мемов: Соработката со ММФ може да придонесе во изноѓањето на решенија Фондот на ПИОМ

Директорот на Фондот  за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов денеска имаше средба со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе.

На состанокот стана збор за системот за пензиско осигурување, плановите за наредниот период и решенијата за подобро функционирање на истиот.

Шефот на Мисијата, Анет Кјобе рече дека во фокусот на нивното интересирање во оваа посета на земјата се плановите за наредната 2025 година, буџетот, среднорочната стратегија, како и интервенциите во пензискиот систем.

Директорот Мемов, ги запозна челновите на мисијата како функционира пензискиот систем и начинот на кој се врши усогласувањето на пензиите, а се задржа и на последната мерка на владата за зголемување на пензиите од 2500 денари сега и следната година кога ќе се исплати мартовската пензија. Тој рече дека во тек се повеќе активности за подобрување на функционалноста на Фондот, за што се работи и на проект со Светска банка.

Мемов потенцира дека во наредниот период ќе биде изготвена анализа за причините за дефицитот во буџетот на Фондот за исплата на пензиите, а до владата ќе бидат доставени краткорочни и среднорочни стратешки мерки за зголемување на приходите. Тој рече дека тоа е во функција на обезбедување на социјалната сигурност на корисниците на пензии, но и на сите осигуреници.

Шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, Кјобе рече дека тие во извештајот што ќе го подготват во февруари следната година ќе ги дадат своите препораки и сугестии, меѓу кои и оние за пензискиот систем.

На крајот од средбата беше изразено задоволството од остварената средба и надеж дека соработката ќе биде на задоволство на двете страни, се наведува во сооштението.

Тела по улиците на Тел Авив во експлозија пред иранскиот напад (Вознемирувачко видео)

Конфликтот на Блискиот Исток се вжешти. Иран истрела ракети кон Израел!

Како што е објавено на социјалните мрежи, со многу вознемирувачко видео, среде овој конфликт, наводно се случил масовен терористички напад на Јафа во Тел Авив, објави Скај Њуз.

Пријавени се најмалку 10 жртви, се јавува на мрежите.

Николоски на средба со амбасадорот Лудва за можноста за воведување на нови авиолинии

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.

На средбата на која што беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји.

Исто така се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го запозна амбасадорот за условите и критериумите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.

Дополнително министерот го информираше амбасадорот и за инвестиционите планови во инфраструктурата.

На средбата се разговараше и за актуелните политички и економски прашања во земјата и регионот со посебен акцент на реформските процеси што се спроведуваат а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговараше и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Министерот ја потенцира досегашната соработка меѓу двете земји и се согласија дека постои можност за интензивирање на таквата соработка во интерес на двата народи.

Министерство за транспорт

Иран кон Израел лансира повеќе од сто проектили, експлозии на Ерусалим (ВИДЕО)

Експлозии се регистрирани над израелскиот град Ерусалим, јавија западни медиуми. 

Сирени за воздушен напад се активирани низ целата територија на Израел, јавија локалните медиуми.

Израелската армија штотуку издаде соопштение:

„Од Иран се истрелани проектили кон државата Израел. Ви е наредено да бидете во состојба на готовност и точно да ги следите упатствата од командата на Татковинскиот фронт. Во последните неколку минути, командата на Татковинскиот фронт дистрибуираше инструкции за спасување животи во различни области низ земјата.

Се бара јавноста да се придржува до насоките на Командата на Татковинскиот фронт. Откако ќе ја слушнете сирената, мора да влезете во заштитеното подрачје и да останете таму до дополнително известување. Војската прави и ќе стори се што е потребно за да ги заштити цивилите на државата Израел“.

Израелската армија штотуку издаде соопштение:

„Од Иран се истрелани проектили кон државата Израел. Ви е наредено да бидете во состојба на готовност и точно да ги следите упатствата од командата на Татковинскиот фронт. Во последните неколку минути, командата на Татковинскиот фронт дистрибуираше инструкции за спасување животи во различни области низ земјата.

Се бара јавноста да се придржува до насоките на Командата на Татковинскиот фронт. Откако ќе ја слушнете сирената, мора да влезете во заштитеното подрачје и да останете таму до дополнително известување. Војската прави и ќе стори се што е потребно за да ги заштити цивилите на државата Израел“.

Дел од израелските медиуми јавија дека од Иран кон Израел се лансирани повеќе од сто проектили, пренесе Скај Њуз.

притисни ентер