Мекларен го освои шампионатот за конструктори за прв пат по 1998 година

 Мекларен го освои шампионатот за конструктори на крајот од сезоната во Формула 1 во 2024 година.

На последната трка во годината во Абу Даби, денес британскиот тимски возач Ландо Норис заврши прв, неговиот тимски колега Оскар Пјастри беше десетти. Овој резултат на тимот и ја обезбеди шампионската титула во екипна конкуренција (вкупно 666 бодови).

Мекларен го освои трофејот за прв пат од 1998 година. Вкупно, тимот има девет конструкторски првенства. Во оваа статистичка категорија Мекларен се изедначи со Вилијамс, трет е Мерцедес со осум трофеи.

Тимот на Ферари го освои второто место во шампионатот за конструктори заостанувајќи 14 бода од Мекларен. Ред Бул (589) е на третото место, Мерцедес е четврти (468). /МИА

Видео: Мбапе за Модриќ: Има повеќе трофеи отколку јас години

Хит-видео на  светските фудбалски ѕвезди Модриќ и Мбапе од соблекувалната на Реал!

„Има повеќе трофеи од моите години“.

Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија премиерното издание на Интерконтиненталниот куп на ФИФА во средата во Катар.

Во финалниот натпревар одигран во Лусаил, актуелниот европски првак ја совлада мексиканската Пачука со 3:0 и освои нов трофеј. Капитенот на хрватската репрезентација и капитен на Реал, Лука Модриќ ги одигра последните 20 минути и на крајот го подигна пехарот.

Модриќ го освои 28. трофеј во дресот на Кралевите. Во 122-годишната историја на клубот од Мадрид, ниту еден фудбалер не освоил повеќе. Еден трофеј помалку има Даниел Карвахал, а два помалку има Начо кој летово го напушти клубот. Марсело и Карим Бензема имаат по 25 трофеи.

На социјалните мрежи се појави снимка од соблекувалната на Реал на која 26 годишниот Килијан Мбапе дознава дека Модриќ освоил 28 трофеи во дресот на Реал: „Па, тој има повеќе трофеи отколку јас години “, изјави Французинот и ги насмеа колегите. Видеото веднаш стана вирално меѓу фудбалските фанови.

Скопјани порано од очекуваното добиваат вода

Скопјани порано од очекуваното добиваат вода. На екипите на водовод им беа потреби само неколку часа да ги завршат предвидените поправки, со кои долгорочно ќе се стабилизира и подобри водоснабувањето на главниот град. 

Од рано утрово на терен и нашиот Дејан Трајковски, го имаме во живо..Дејан скопјани почнаа да добиваат вода, дали имаш информации кои населби имаа, а кои немаат вода во моментов?

Од два по полноќ на дожд и минусни температури, до доцна попладне, 150те работници на Водовод распоредени во неколку екипи, наместо за предвидените 15 часа само за санација, ја изведоа најголемата операција во последниве неколку децении, уште од времето на Југославија, за само 5 часа.

Од ископувања на дупки од повеќе од три метри, до супштање во истите како и во шахтите покрај огромните цевки кои требаше да се санираат, работниците велат дека на сите локации морале да работат точно како часовник за успешно да се изведе потфатот...

Најмногу главоболки велат им создале дебелите челични завртки, од квалитет кој денеска не може да се пронајде, а кои „запекле“ и се монтирани уште пред шест децении.

Директорот на Водовод кој го водеше целиот план укажа дека се заменети неколку вентили кои создавале проблем, вклучително и оној поради кој граѓаните на Ѓорче Петров трпеа со години оти немаа соодветен притисок во водоснабдувањето.

Се променија пет воздушни вентили каде што имаше заробен воздух во цевководот за подобрување на водоснабдувањето, се направи поправка на два затворачи фи-700мм.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Средба Костадиновски-Чевик: Продолжија дискусиите за поддршка и дигитализација на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски се сретна со Махмут Чевик, заменик-претседател на Турската агенција за соработка и координација и Шејма Бабајигит, координаторка на „ТИКА”.

На оваа средба продолжија дискусиите за поддршка на процесот на дигитализација и зајакнувањето на капацитетите на Судот, како клучни елементи за поефикасно работење на Судот.

Заменик-претседателот на „ТИКА”, Чевик, изрази подготвеност Агенцијата да придонесе во процесот на дигитализација на Судот, преку кој ќе се подобри работењето од технички аспект,што директно ќе се рефлектира во подобрување на ефикасноста на постапките.

Претседателот Костадиновски изрази искрена благодарност за досегашната поддршка од страна на „ТИКА”, потенцирајќи ја подготвеноста за почнување на соработката и предвидените активности во наредниот период.

Во февруари Уставниот суд доби техничка опрема од компјутери и печатачи за вработените. Претходно, „ТИКА” учествуваше во опремување на салата за состаноци и прес конференции во 2020 година, како и обезбедување на техничка опрема во 2013 година.

притисни ентер