Пакистан ги отфрла американските тврдења дека неговата ракетна програма е закана за САД

Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли како неосновани американските тврдења дека ракетната програма на земјата претставува закана за Соединетите американски држави.

Американскиот заменик-советник за национална безбедност, Џон Финер изјави претходно оваа недела дека пакистанскиот развој на балистички ракети со долг дострел станува се поголема закана.

Пакистанското Министерство за надворешни работи изрази жалење што САД ги сметаат за закана.

-Тие тврдења се неосновани, немаат врска со разум и чувство за историја, соопштуваат од министерството.

Министерството нагласи дека ракетната програма ја развива исклучиво заради одбрана на суверенитетот и одржување на регионалната стабилност и дека тоа не треба да се толкува како закана за ниту една земја.

Министерството ја истакна и долгата историја на соработка на Пакистан со САД, особено во борбата против тероризмот и порача дека е посветена на конструктивна соработка за сите прашања, вклучително и регионалната стабилност и безбедност.

Односите меѓу Вашингтон и Исламабад имаа подеми и падови. Двете земји соработуваа за време на Студената војна и во борбата против Ал Каеда по терористичките напади на 11 септември.

Односите се влошија поради државните удари на пакистанската војска, поддршката за талибанската влада од 1996 до 2001 година во Авганистан и нуклеарната програма.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер