„Има повеќе трофеи од моите години“.
Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија премиерното издание на Интерконтиненталниот куп на ФИФА во средата во Катар.
Во финалниот натпревар одигран во Лусаил, актуелниот европски првак ја совлада мексиканската Пачука со 3:0 и освои нов трофеј. Капитенот на хрватската репрезентација и капитен на Реал, Лука Модриќ ги одигра последните 20 минути и на крајот го подигна пехарот.
Модриќ го освои 28. трофеј во дресот на Кралевите. Во 122-годишната историја на клубот од Мадрид, ниту еден фудбалер не освоил повеќе. Еден трофеј помалку има Даниел Карвахал, а два помалку има Начо кој летово го напушти клубот. Марсело и Карим Бензема имаат по 25 трофеи.
На социјалните мрежи се појави снимка од соблекувалната на Реал на која 26 годишниот Килијан Мбапе дознава дека Модриќ освоил 28 трофеи во дресот на Реал: „Па, тој има повеќе трофеи отколку јас години “, изјави Французинот и ги насмеа колегите. Видеото веднаш стана вирално меѓу фудбалските фанови.