Мажот кој со чекан го нападна сопругот на Ненси Пелоси осуден на доживотен затвор

Судот во Калифорнија го осуди на доживотен затвор без помилување човекот кој пред две години со чекан го нападна сопругот на поранешната лидерка на демократите во Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Дејвид Депи веќе беше осуден на 30 години затвор во друго судење кое заврши во мај. Со оваа нова реченица додадена на првата, завршува тужбата во сојузната држава Калифорнија. Пресудата беше изречена една недела пред крајот на исклучително напнатата претседателска трка меѓу Доналд Трамп и Камала Харис во САД.

Депе упадна во домот на семејството Пелоси во Сан Франциско во октомври 2022 година, неколку недели пред среднорочните избори во САД. Се вели дека тој силно верувал во теориите на заговор што се шират на интернет.

Пол Пелоси се здобил со фрактура на черепот откако бил удрен со чекан од напаѓач кој ја барал неговата сопруга. Во тоа време, Ненси Пелоси беше една од најмоќните луѓе во САД како претседателка на Претставничкиот дом и беше редовна цел на екстремно десничарските теории на заговор.

Депи им призна на истражителите дека планирал да и ги „скрши колената“ на Ненси Пелоси доколку таа не ги признае „лагите“ на демократите. Пол Пелоси успева да контактира со полицијата, која интервенира во последен момент. Нападот е снимен од полициска камера.

Пред да биде повторно осуден во вторникот, Депе прочита долга изјава која содржи тврдења за заговор. Тој ја обвинува американската влада за оркестрирање на нападите на 11 септември 2001 година, објави Сан Франциско хроникл. Според весникот, тој се изјаснил и против „магичните убиствени ритуали на злото“ во Америка.

Тој не му се извини на семејството Пелоси, а неговите адвокати имаат намера да поднесат жалба на казната.

Министерот за спорт Борко Ристовски се сретна со црногорскиот колега Драгослав Шќекиќ

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари билатерална средба со министерот за спорт и млади на Република Црна Гора, г-дин Драгослав Шќекиќ и со членови од неговиот кабинет.

На средбата беа разменети мислења и искуства во реализацијата на програми и проекти кои имаат за цел подобрување на условите за спортистите и унапредување на спортските активности во двете држави.

Министерот Ристовски изрази уверување дека оваа средба ќе биде почеток на плодна соработка преку која Република Македонија и Република Црна Гора ќе успеат да ги издигнат спортските постигнувања на регионално и на меѓународно ниво.

„На средбата изразивме обострана заложба за продлабочување на спортските врски меѓу двете блиски земји. Од министерот Шќекиќ добивме покана да потпишеме меморандум за соработка помеѓу двете министерства и очекувам дека ќе имаме одлична соработка во иднина. Верувам дека преку заеднички иницијативи ќе успееме да го подигнеме спортот на повисоко ниво“ – истакна министерот Ристовски.

Министерот Драгослав Шќекиќ го поздрави формирањето на македонското Министерство за спорт и изрази огромно задоволство од денешната средба.

„Како голем вљубеник во ракометот особено задоволство ми претставува што мој колега министер во македонското Министерството за спорт е токму познат ракометар како Борко Ристовски. Сигурен сум дека ќе имаме и други вакви средби и одлична соработка“ – рече министерот Шќекиќ.

Трудо: Вклучувањето на севернокорејските трупи во Украина може да доведе до ескалација

Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјави дека распоредувањето и вклучувањето на севернокорејските трупи во судирот во Украина најверојатно ќе довде до ескалација на војната.

Трудо, во телефонскиот разговор со претседателот на Јужна Корелја, Јун Сук-јеол посочи дека војната значително ќе влијае врз безбедносното опкружување во Европа и во Индо-пацифичкиот регион и предложи продлабочување на соработка помеѓу Канада и Јужна Кореја.

Јун потврди дека распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија било побрзо од што се очекувало, додавајќи оти тоа создава опасна ситуација.

Претходно, јужнокорејски владини претставници наведоа дека некои севернокорејски трупи можеби веќе се преместени на линијата на фронтот и изразија загриженост дека не се знае што Русија би можела да му даде на Пјонгјанг за возврат.

Перински: Децентрализација на власта останува најважен принцип

Шефот за соработка од Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Стефен Худолин, кажа дека состанокот е добра можност за мултивмрежување.

Подобрувањето на функционалноста на локалните самоуправи и дигитализација на услугите беа во фокусот на отворањето на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК).

Во рамките на првата тема „Развој во процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ“ од состанокот што се одржува во Скопје, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека е приоритет да се подобрат условите за живеење во сите општини.

-Децентрализација на власта останува најважен принцип, приоритет е да се подобри функционалноста на локалната самоуправа. Предвидено е до крај на 2026 да бидат создадени сите предуслови за дигитализација на пакет услуги, рече министерот.

Шефот за соработка од Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Стефен Худолин, кажа дека состанокот е добра можност за мултивмрежување.

-Овој состанок е во важен момент. Во клучен момент за иднината на ЕУ. Потребна е политичка волја за влез во ЕУ. Веруваме дека сцената е наместена. Она што треба да продолжи се реформите, посочи тој.

Патрик Молиноз, претседателот на Комисијата CIVEX (Комисија за државјанство, владеење, институционални и надворешни работи при Европскиот Комитет на региони, потенцираше дека е неопходно да се форсира децентрализацијата.

-Сами не сме ништо, може да растеме во светот само ако се залагаме и градиме посилна ЕУ. Децентрализацијата мора да се форсира и да биде главен дел од процесот за локалните самоуправи да добијат средства да ги остварат целите, рече тој.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија се домаќини на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК). Делегатите во ова тело се од редовите на градоначалници и советници од нашата земја и од земјите на Европската Унија.

Втората тема на овој состанок е посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги“ кога пред присутните ќе се обратат заменик министерот за дигитална трансформација во нашата земја, Радослав Настасијевиќ Варџински, известителот на Комитетот на региони за Зајакнување на локалната власт и претставничката демократија преку нови инструменти за дигитална технологија, Раит Пиџеглас, претставници од НАЛАС и од АЛДА.

Заедничкиот консултативен комитет помеѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) го сочинуваат вкупно 22 делегати, односно по 11 делегати од двете страни, при што се избираат и нивни заменици, сите од редовите на градоначалници и советници. Со ова тело, кое одржува најмногу два состанока во текот на една година, од кои едниот во Брисел, а другиот во Скопје, заседаваат двајца ко - претседавачи. Актуелен ко- претседавач од нашата земја е Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, а од страна на Комитетот на регионите е Јасна Габриќ, член на Собранието на Општина Трбовље (Република Словенија) и член на Европскиот Комитет на региони. ЗКК е воспоставен уште во 2008 година, со цел да ја подготвува основата за проширување на ЕУ преку унапредување на политичкиот дијалог и соработка меѓу локалните и регионалните власти.

притисни ентер