Масар Омерагиќ е единствен кандидат за претседател на ФФМ

Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз - Свети Николе за поддршка на  кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација.

Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз - Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 22. декември 2024. година.

Одлуката на Комисијата за избори и верификација во рамки на ФФМ по предлог на ОФС Свети Николе го одреди Масар Омерагиќ за единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на ФФМ закажано за 22. декември 2024 година, соопшти ФФМ.

Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо... Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги коментираше споредбите со поранешниот тренер на Челзи и Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо по гестот на Шпанецот на натпреварот со Ливерпул (2:0) во 13. коло од Премиер лигата.

Кога навивачите почнаа да скандираат за отказ на Гвардиола, тој покажа шест прсти на трибините, алудирајќи на шест титули во лигата.

- Се надевам дека не во мојот случај! На крајот, можеби сме доста слични... Но тој освои три титули, а јас шест, изјави Гвардиола за „Гардијан“.

Манчестер сити нема победа на седум натпревари во сите натпреварувања - 6 порази и 1 нерешено. Тимот на Гвардиола се наоѓа на 5. место во поредокот во Премиер лигата со 23 бода.

Општина Куманово избра сувенир на градот

 Комисијата за избор на сувенир на општина Куманово го избра сувенирот на Општината за 2024 година, „Спортска сала Соколана Куманово“, со мотив „Да ја сочуваме“, соопштија денеска надлежните од општината. 

Сувенирот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, приспособен за масовно производство, со цел да се користи за промоција на Куманово.

-За изработката користев срмен конец, жица, акрилна боја, ставена на тафт подгола во дрвена рамка. Се инспирирав од Соколана кое обележје на Куманово, изјави авторката Спасовски.

Повикот беше објавен во октомври годинава. Општината на овој начин поддржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. Сувенирите содржат елементите на препознатливост и да ја отсликуваат традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот.

-На претходно објавениот јавен конкурс учествуваа тројца автори со свои креативни дела, во кои беа содржани елементи на препознатливост, отсликување на традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општината за оваа намена одвои 100.000,00 денари без ДДВ, при што првиот дел од износот изнесува 30.000,00 денари и е биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000,00 денари.

Куманово неодамна доби сувенирница, сместена во простор на занаетчискиот дом. Таа претставува траен симбол на посветеноста кон промовирањето на занаетчиството и туризмот. Локалните занаетчии имаат простор за презентацијата на своите дела.

МВР: Претрес во Кочани, пронајдена дрога

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Како што информираат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер