Полицијата уапсила 171 возрасен човек, вклучително и исламски верски учители, во координирани рации на 20 локации во две малезиски држави, изјави генералниот инспектор Разарудин Хусеин, објави Еј-Би-Си Њуз.
Меѓу спасените има 201 момче и 201 девојче на возраст меѓу една и 17 години, откако овој месец беа поднесени пријави за наводно запоставување, злоупотреба и сексуално вознемирување, рече тој. Тој не кажал кој ги поднел пријавите.
Со домовите раководела организација наречена Global Ikhwan Services and Business (ГИСБ), рече тој.
Тоа е малезиска компанија која се занимава со сè, од супермаркети до пералници и работи во неколку земји, вклучувајќи ги Индонезија, Сингапур, Египет, Саудиска Арабија, Франција, Австралија и Тајланд, според нејзината веб-страница.
ГИСБ не одговориле на барањето на Ројтерс за коментар за сексуалната експлоатација. Во изјавата ги демантирале извештаите на социјалните мрежи дека експлоатирале и користеле деца како работници, нагласувајќи дека тие никогаш нема да се вклучат во незаконски активности и дека ќе соработуваат со властите за да се реши случајот.
GISB е поврзан со сега веќе поранешната малезиска верска секта Ал-Аркам, која била забранета од владата во 1994 година. GISB ја призна врската, но сега се опишува себеси како исламски конгломерат базиран на муслимански практики.