Мал авион со тројца патници се урна во Словенија, според првичните информации нема преживеани

Мал авион со тројца патници се урнал денеска во близина на фудбалскиот терен во населбата Ганчани во Белтинци, источна Словенија, соопшти полициската управа Мурска Собота.

Според првичните информации, нема преживеани во несреќата, пренесува СТА.

Несреќата се случила околу 12 часот. Медиумите јавуваат дека авионот што урнал е „цесна“ на аеро-клубот Марибор. Во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило.

Авионот требало да лета на релација од Марибор до Лендава (Прекмурје), а како веројатна причина за падот се споменува густата магла во тој дел на Словенија. /МИА

Чолаку: По 13 години Романија и Бугарија ќе станат во целост членки на Шенген зоната

 Романија ќе стане во целост членка на Шенген зоната од 1 јануари 2025 година, изјави романскиот премиер Марчел Чолаку за време на работна посета во Будимпешта, каде имаше средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Чолаку нагласи дека Романија и Унгарија заеднички работат на европските прашања, а посебно ја истакна поддршката од Орбан за членството на Романија во Шенген. Тој додаде дека влезот на Романија и со копнените граници ќе го поттикне економскиот развој на двете земји.

Тој истакна дека Романците веќе ги почувствувале придобивките од делумниот влез во Шенген зоната, кои се „многу опипливи“, а пристапот на земјата со копнени граници, според неговите зборови, ќе придонесе за динамиката на економскиот раст и во Романија и во Унгарија .

Во Будимпешта денеска се одржаа неформални разговори на министрите за внатрешни работи на Романија, Бугарија, Унгарија и Австрија, каде беше потврдено дека двете земји ќе се приклучат кон Шенген со копнени граници во 2025 година.

Претходно денеска, унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер најави дека Романија и Бугарија би можеле целосно да се приклучат на европската Шенген зона со отворени граници од јануари 2025 година.

Двете земји влегоа во Шенген зоната со нивните воздушни и поморски граници од 31 март 2024 година.

Состојбата на двајцата повредени во трагедијата во Нови Сад и натаму е критична

Две лица, тешко повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка, но стабилна состојба.

Две лица, тешко повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка, но стабилна состојба.

Борбата за нивниот живот продолжува секој ден, истакнуваат за РТС од Клиничкиот центар во Војводина.

„Пациентите кои беа најтешко повредени во несреќата на железничката станица во Нови Сад се меѓу пациентите кои се во исклучително тешка состојба, па продолжуваат да се згрижуваат на одделението за интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар во Војводина. Раководителот на Клиниката за анестезија и интензивна нега.“ изјави за РТС и терапија за болка на КЦВ проф. д-р Теодора Тубиќ.

„Она што е позитивно е тоа што тие се свесни, дишат спонтано, доволно, а артерискиот притисок и пулсот им се во задоволителна состојба. Секојдневно ги следи мултидисциплинарен тим. Во тој тим се вклучени анестезиолози и хирурзи, тие ги консултираат сите решенија поврзани со нив, секојдневно се менуваат во услови на операциона сала“, изјави д-р Тубиќ.

Тоа се зафатите што се правеа денеска и пред неколку дена, вели д-р Тубиќ, а по потреба се прават и други помалку оперативни зафати.

„Она што е важно да се каже е дека добиваат секојдневна поддршка и од невропсихијатар и од тим психолози, работиме и со семејствата на повредените кои секојдневно се таму со своите повредени и со сета потребна стручна помош што оваа институција може да обезбеди“, рече за РТС, управителката на Клиниката за анестезија, интензивна нега и терапија на болка на КЦВ, проф. д-р Теодора Тубиќ.

Општините Радовиш, Конче и Василево од две фотонапонски централи ќе добиваат струја

Пуштени во употреба фотонапонскиte централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430kw и софтверски дигитален систем. 

Oпштините Конче, Василево и Радовиш ќе имаат снабдување со електрична енергија од овие фотонапонски централи.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска на пуштање на фотонапонските централи истакна дека ова е пример како можат да се искористат 300 сончеви денови во годината.

-Станува збор за инвестиција во дел на создавање на енергетски независен регион, нешто што сите региони во иднина треба да се фокусираат. Затоа што само на тој начин можат да станат енергетски независни, да ги минимизираат режиските трошоци на ниво на локални самоуправи, а со тоа да го подигнат и квалитетот на живот на граѓаните и секако да се развиваат во насока на заштитата на животната средина, вели Перински.

Министерот за локална самоуправа, Перински истакна дека за реализација на проектот финансиската поддршка доаѓа од Швајцарската Агенција за развој и соработка и од ова министерство.

Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, подвлече дека проектот таргетира нови софтверски решенија во делот наискористување и производство на електрична енергија од алтернативни извори наенергија и заштита на животната средина, како и ефикасно следење и пренасочување на произведената енергија таму каде што во определен момент е потребна. Камчев забележа дека Југоисточниот плански регион е прв кој реализира еден ваков проект и какошто рече ќе покажат во која насока општините и регионот треба да се движат. -Сметам дека трошоците за електрична енергија во иднина ќе бидат серизоно намалени и со тие средства општините ќе инвестираат како во развој на образованието, така и во развој на инфраструктурата во нивните општини, вели Камчев.

Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов истакна дека овие централи ќе обезбедуваат приходи на општините, но и ќе се намалат и сметките за електрична енергија, а со генерирање на приходи од продажбата на струјата Општина Радовиш ќе може средствата да ги користи и за други инфраструктурни проекти.

Инаку, струјата која ќе се произведува од овие две фотонапонски центри ќе биде распределена по 25% за општините Конче и Василево, а останатите 50 % ќе ги добива Општина Радовиш. Вкупната инвестиција изнесува околу 23 милиони денари, од кои најголем дел се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција, а свое учество имаат и трите општини. Зафатот се реализира од грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-втора фаза“.

притисни ентер