Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција

Македонската машка кошаркарска репрезентација напредуваше една позиција на најновата светска ранг-листа на ФИБА и се наоѓа на 57 место.

Македонската репрезентација на јулското рангирање има 198.2 поени и во европски рамки е на 30 место.

На челното место на ФИБА рангирањето се САД со 838,8 бодови, а Србија (758,9) изби на второто место со освојувањето на бронзениот олимписки медал. По победата во мечот за третото место, Србите ги оставија зад себе актуелните светски шампиони, Германците, на третото место на ранг-листата на ФИБА (755,3), додека Франција (753) се пресели од деветтото на четвртото со освојувањето на олимпиското сребро.

Скок во првата петорка направи канадската репрезентација (747,8), која на последното рангирање беше на седмата позиција./МИА

Манчестер jунајтед на лето може да го ангажира Бонифас од Баер

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифас може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува „Sky Sport“.

Според британскиот медиум, Манчестер јунајтед е сериознио заинтересиран за 23-годишниот Нигериец. Јунајтед го вклучија напаѓачот во потесниот список на напаѓачи кои можат да бидат ангажирани во летниот преоден рок.

Сезонава Бонифас одигра 15 натпревари на кои постигна осум гола и креираше една асистенција.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 45 милиони евра.

Русија ги брише талибанците од листата на терористи

 Русија наскоро ќе ги отстрани талибанците од својата листа на терористи, соопшти талибанската влада на Авганистан.

Русија наскоро ќе ги отстрани талибанците од својата листа на терористи, соопшти талибанската влада на Авганистан, цитирајќи ги зборовите на вчерашниот гостин во Кабул, Сергеј Шојгу, поранешен министер за одбрана на Русија, сега секретар на Советот за безбедност.

Шојгу разговарал за „зајакнување на политичките односи и економската соработка и начините за зголемување на трговијата и руските инвестиции во Авганистан“ со неколку авганистански министри од редовите на талибанците, се наведува во соопштението на талибанските власти.

Посетите на високи странски претставници на Авганистан се ретки бидејќи ниту една земја во светот не ја признала талибанската влада, на власт од август 2021 година.

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта

Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба.

Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата.

Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во кантоналниот и општинскиот суд. Меѓу поважните рочишта што требаше да се одржат денеска се завршните зборови на Обвинителството на БиХ во врска со убиството на сараевските полицајци, како и случајот против Ибрахим Хаџибајриќ.

Дојавите за поставени бомби во зградата каде што се сместени двата суда зачестија во последните месеци, но засега сите беа лажни.

притисни ентер