Мадона ги изненади фановите со снимка од студио (ВИДЕО)

Поп-пејачката Мадона (66) ги изненади своите фанови на Инстаграм.

Имено, таа објави видео од студиото во кое што откри дека моментално работи на нови песни.

„Работам на нова музика со Стјуарт Прајс. Овие неколку месеци беа лек за мојата душа. Пишувањето песни и правењето музика е единствената област каде што не треба од никого да барам дозвола... Многу сум возбудена да го споделам тоа со вас“, напиша Мадона.

„Тоа е она што му треба на светот“, „Чекајќи го новиот музички дијамант да излезе од вашата и работилницата на Стјуарт“, „Сè уште го носам кардиганот од ерата на исповедите“, „Најдобри вести досега“, „Божиќ доаѓа“, „Ви благодариме за овие прекрасни вести“, „Конечно едвај ја чекам новата турнеја“, „Ова ќе биде мојата божиќна опсесија“, напишаа фановите под објавата.

Интересно, ова не е прв пат Мадона да се јави од студио. Таа го направи истото пред околу три месеци, кога сподели серија фотографии со Стјуарт. Сето ова покажува дека пејачката веќе подолго време се посветува на работата на нов материјал.

Ако Мадона навистина се подготвува да издаде нов албум, тоа ќе ѝ биде прв по „Madame X“ од 2019 година. Настрана од турнејата Celebration, тоа во голема мера ќе го одбележи нејзиното враќање на сцената. Минатата година мораше да ја стави настрана кариерата на одредено време, откако заврши во болница поради тешка бактериска инфекција.

Ова не е прв пат поп-ѕвездата да соработува со Прајс. Таа се познава со британскиот продуцент најмалку 20 години, а тој е најпознат по неговата работа на нејзиниот албум „Исповеди на подиумот“ од 2005 година. Оттогаш, тој беше коавтор на неколку нејзини песни и работеше со неа на три турнеи, од кои последната беше веќе споменатата од минатата година.

Две лица загинаа во нападот во центарот на Киев

Две лица загинаа, а шест се повредени денеска во Киев во напад на руската армија, која утринава лансираше бран од 111 беспилотни летала врз Украина.

Тоа е првиот руски напад на првиот ден од 2025 година, додека синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот новогодишен говор рече дека Новата година ќе биде „година на преговори кои треба да стават крај на војната“.

Рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на декември се закани дека ќе го нападне центарот на Киев како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел врз неговата земја.

-По утринскиот напад, бројот на жртви во Киев се зголеми: двајца загинати, шестмина повредени, четири лица се спасени, објавија украинските служби за итни случаи на Телеграм.

Спасувачите објавија и дека го ставиле под контрола пожарот кој ја оштети станбената и административната зграда во областа Печерск во историскиот центар на главниот град.

Пожарот е предизвикан од паѓање на остатоци од дронови соборени од противвоздушна одбрана.

Зградата и припаѓа на Народната банка на Украина, а се наоѓа на околу 300 метри од претседателските канцеларии.

-Дури и на новогодишната ноќ, Русија се грижи само да и наштети на Украина, рече Зеленски.

Жител на кривопаланечко село пријавил физички напад од сопругата

Триесет и седумгодишен маж од кривопаланечко село, пријавил дека ноќеска за време на новогодишната ноќ, во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга по претходна расправија, соопшти МВР.

- Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Б.С.(34), се наведува во Билтенот на МВР.

По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат соодветен поднесок.

Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени

 Хаотична и насилна новогодишна ноќ низ Холандија доведе до трагична смрт на 14-годишно момче и апсење на повеќе од 200 лица за немири и напади врз полицајци, а има и повредени од подметнување пожар и пиротехнички несреќи. 

Локалните медиуми јавуваат дека употребата на пиротехнички средства довела до трагична смрт на 14-годишно момче во експлозија во Ротердам.

Неколку лица низ државата се тешко повредени од употреба на пиротехнички средства.

Полициските службеници ја опишаа ноќта како „полна со уништување и насилство“, со значителни инциденти во градовите низ земјата.

Во неколку градови, вклучувајќи ги Харлем, Заандам, Ротердам, Хаг, Амстердам, Бреда и Гронинген, полицијата беше принудена да одговори на насилните немири.

притисни ентер