Луксузниот моноволумен на Лексус стигна на европските патишта (ВИДЕО)

Новиот Lexus LM е, накратко кажано, луксузно опремен миниван кој привлекува внимание со своите перформанси, но и со понудената опрема.

Ништо слично не сме виделе во Европа, но речиси сигурно е дека сме сведоци на создавање на нов тренд кој оригинално доаѓа од Кина.

Volvo веќе го објави својот адут, а прашање на време е кога и другите премиум производители ќе понудат нешто слично. Кога станува збор за Lexus, планирани се две конфигурации. Првата е онаа која што нуди кралски луксуз, а доволно е да се каже дека нуди само четири седишта во должина од преку пет метри.

Во исто време, двајца привилегирани патници во задниот дел ја имаат буквално удобноста на првата класа: седиштата се фотелји кои лесно може да се преклопат во кревет, а нивниот дизајн е инспириран од оние во авионскиот транспорт од прва класа. Пред нив е 48-инчен екран, додека нивните аудитивни сетила се разгалени од Mark Levinson 3D Surround системот со 23 звучници.

Активен систем за држење на телото во седиштето, активен систем за намалување на бучавата и материјали со врвен квалитет се само некои од посебните карактеристики на овој модел. Овде да споменеме уште една опција со седум седишта, која нуди нешто помал комфор, но сепак е една од најдобрите во автомобилскиот свет.

Планирана е само една опција за возење, а тоа е LM 350h. Комбинира хибриден погон кој е придвижуван од 2,5 бензински мотор и синергетски 250 КС и 239 Nm. Погонот на сите тркала е стандарден, а овој крстосувач вози до 190 km/h со забрзување до 100 km/h за 8,7 секунди (FWD за 9,1 секунди).

Акцентот е ставен на мазноста, па покрај активната шасија, овој модел го нуди и системот за контрола на положбата на сопирање, каде силата на сопирање се распределува со текот на времето, така што силите врз телата на патниците се што помали. Позната е и цената, па на британскиот пазар ќе стартува од 89.995 фунти и ќе оди до 112.995.

Реал се откажа од трансферот на Дејвис

Лидерот во шпанското првенство Реал Мадрид ги прекина преговорите за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис во претстојниот летен преоден рок, објавија денеска шпанските медиуми.

Според „Релево“, Реал ги променил приоритетите во плановите за засилување на одбранбената линија пред почетокот на следната сезона.

Реал постигна вербален договор со левиот бек Дејвис, но приоритетна трансфер цел на Кралскиот клуб во дефанзивата сега е централниот бек на францускиот Лил, Лени Јоро.

Според медиуми, Дејвис би можел да му се приклучи на Реал, но по крајот на следната сезона, кога му истекува договорот со Баерн.

Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со 185кг крап

Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со 185кг подмладок на крап.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче.

Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. - изјави Трипуновски.

Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов.

Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија.

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга, која е под истрага за корупција.

Илјадници шпански новинари јавно изразија поддршка на премиерот на земјата Педро Санчез, кој објави дека ги суспендира своите јавни активности поради истрагата против неговата сопруга Бегоња Гомез за трговија со влијание и корупција.

Санчез, кој в понеделник треба да ја соопшти одлуката за тоа дали ќе остане на функцијата, ги обвини истражителите за неосновани напади под влијание на десничарските и екстремно десничарските политички противници.

Како поддршка на Санчез, неколку илјади новинари потпишаа онлајн-манифест во кој се вели дека „нападот на медиумите и екстремно десничарските функционери во судството против сопругата на премиерот е нов обид да се поткопа со незаконски средства народната волја изразена на изборите“.

„Долупотпишаните новинари го повикуваат граѓанското општество да се приклучи на овој манифест и да се мобилизира на социјалните мрежи и на улиците против ова антидемократско безобразие“, се вели во манифестот.

притисни ентер