Љутков: Сите членови на комисиите се врвни професионалци

Сите членови на комисиите се врвни професионалци, колку сме потранспарентни, толку ќе бидат помали притисоците.

Како што е транспарентен целиот процес, и објавувањето на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес и критериумите што ги бараме, така одлучивме да ги објавиме и членовите на комисиите за оценување на пријавите. Сите членови се врвни професионалци во својата област, посочи денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Тој за време на неговата посета на Кинотека на Северна Македонија, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека имал состанок со членовите на комисиите, при што им било кажано дека ќе бидат изложени на одредени притисоци, но колку е поголема транспарентноста, толку ќе бидат помали притисоците.

- Бидејќи целиот процес е транспарентен, решивме да ги објавиме и членовите на комисиите, бидејќи тоа се и забелешките на Државниот завод за ревизија. На состанокот на сите им беше посочено дека можеби ќе бидат изложени на некакви притисоци. Што повеќе сме транспарентни, што повеќе сме отворени и независни во одлуките и имаме конкретни критериуми и точно знаеме што правиме, тогаш притисоците ќе бидат помали. После разговорот гледам никој не се откажа, никој немаше ништо против. Се надевам дека се ќе тече во најдобар ред. Ние сме тука како Министерство да ги заштитиме бидејќи тоа се врвни професионалци, рече Љутков.

На прашање кога ќе се распише конкурсот за креативни индустрии, министерот рече дека за многу брзо време ќе бидат објавени и другите конкурси.

- Вчера имав прв состанок со новиот Совет на култура на министерот, така што за многу брзо време ќе ги објавиме и другите конкурси, посочи Љутков.

Арсовски: Не знаеме што ќе одлучи Уставен, нејасно е зошто ДУИ протестира

Протестот на ДУИ повеќе наликува на обид за враќање на политичката сцена, оценува за Канал 5 политичкиот аналитичар Петар Арсовски..

Според него, без разлика каква ќе биде одлуката на Уставен, не е реално да се случи поголема дестабилизација, со оглед дека Македонија е членка на НАТО..

Дафина Стојановска:Мицкоски ми кажа дека Австрија и Франција имаат разбирање за нашите позиции

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција.

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција, тврди пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која е гостинка во новото издание на поткастот „На кавга со Иван“ што ќе се емитува вечерва...

Малолетник на 14 години и мажи на 71 и 66 години се жртвите во трагедијата во Црвени брегови

Македонија вчера ја потресе веста за три починати лица, пронајдени во неготинското село Црвени брегови, од кои едно дете.

Трагедија го потресе неготинското село Црвени Брегови, каде беа пронајдени беживотни тела на еден малолетник и на две лица на возраст од 71 и 66 години. Телата биле пронајдени вчера попладнето во мала куќа во селото која се користела како импровизиран верски објект. Од ОЈО Кавадарци соопштија дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство, а оттаму издадена е и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле во објектот ..Од СРВ Велес информираат дека телата на починатите се дадени на обдукција.

„На 08.12.2024 година во 16:35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во куќа во с.Црвени Брегови Неготинско биле пронајдени починати Ј.Ј (71) од Битола, Ф.Е (66) од Ресен и малолетник од с.Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. “

Според директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев ретко се случува трагедија со смртни последици да настане од плин. Можно сценарио, според него, е труење заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид во воздухот, предизвикано од некаков извор во просторијата кој го трошел кислородот..Сепак тој вели она што со сигурност ќе покаже што се случило е обдукцијата.

„Сега се што зборуваме може да се протолкува како шпекулација, додека не заврши истрагата, обдукцијата со која што ќе се утврди точната причина, меѓутоа повеќе стои можноста дека е труење со јаглероден моноксид.. Плинот многу ретко може ваква трагедија да предизвика. Можно е да имало некој извор при кој што горел плин кој што го трошел кислородот во просторијата каде што престојувале за жал тројцата настрадани. Најчесто ваква смрт настапува заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид кој е гас без мирис и кој што убива без предупредување.. “

Од СВР Велес соопштија и дека увид на лице место извршиле екипи од ОЈО Кавадарци и од неготинската полиција и дека истрагата за целосно расчистување на случајот, односно дали станува збор за задушување или други околности кој довеле до трагедијата е во тек.

притисни ентер