Љупчо Пренџов „На кавга со Иван“

Понеделник за многумина е светилник, дали ќе биде и за новиот гостин во “кавгата”?

Тој е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, но беше ли политичкиот син Брут за неговиот екс лидер Стевчо Јакимовски?

Почна ли да вози со специјални регистарски таблички? Ги затвори ли на време и очите и ушите за да не го слушне предлогот на владиниот џентлменски вице премиер, Меџити, за нов закон за евиденција на етникумите кај администрацијата за “бонус-бодови” при вработување на ОДРЕДЕНИ етнички групи?

Каде заминаа укинатите позиции на “заменик-директорите”, дали сите се пријавија за втор заменик директор на Царина?

Ќе има ли нов политички, недај Боже поинаков , конфликт меѓу Македонците и етничките Албанци визави укинувањето на балансерот?

Вечерва ќе гостува Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ „На кавга со Иван“, во 21.30ч на Youtube на каналот и 23 часот на Канал 5.

Необјавени песни на Џими Хендрикс одат на наддавање

 Необјавени песни на познатиот американски гитарист Џими Хендрикс се дел од каталогот сувенири коишто му припаѓале на покојниот музичар, а би требало да бидат понудени на аукција во ноември.

Организатор на наддавањето е продавницата за забавни сувенири „Пропстор“ (Propstore).

- Кога првпат имавме можност да ја истражиме оваа архива, веднаш бевме воодушевени од длабочината и значењето на материјалот, изјави Марк Хонам, консултант за музика и постери во „Пропстор“. - Ова е неверојатна колекција којашто не само што го отсликува личниот живот на Џими Хендрикс, туку Ве враќа во клучните мигови во музичката историја, додаде тој.

Колекцијата била извадена од архивата на Патриша „Трикси“ Саливан, која соработувала и била блиска со менаџерот на Хендрикс, Мајк Џефри, се наведува.

Сега првпат, обожавателите на Хендрикс имаат можност да наддаваат за различни лични предмети коишто откриваат повеќе за музичките потфати и животот на Хендрикс вон сцената... Меѓу предметите има и 50 ретки ленти, вклучително и необјавени снимки, како и лични записи и документи, на пр. рачно напишано барање за извод од Матичната книга на родени, планови за турнеја, па дури и потврди за хемиско чистење на облеката и друго.

Сеул: Потполно сме подготвени да одговориме на провокациите од Пјонгјанг

 Јужнокорејската армија денеска соопшти дека е „потполно подготвена“ да одговори на предупредувањата од Северна Кореја, по зголемувањето на тензиите меѓу двете земји поради летови на беспилотни летала над Пјонгјанг. 

Северна Кореја ги обвини јужните соседи за летање дронови над Пјонгјанг и фрлање пропагандни летоци со „провокативни гласини и ѓубре“.

Пјонгјанг вчера предупреди дека следниот лет на дрон ќе го смета за „објава на војна“. Јужнокорејската армија ги негираше обвинувањата дека стои зад управувањето на дроновите, обвинувајќи ги јужнокорејските активистички групи, кои честопати праќаат пропагандни летоци кон Северна Кореја.

Северна Кореја синоќа нареди на дел од војската, која веќе е во борбена готовност, целосно да се подготви за отворање оган. Истовремено, воздушниот надзор над Пјонгјанг беше дополнително засилен.

САД: Кинеските воени вежби „неоправдани и ризикуваат ескалација“

САД ги осудија кинеските воени вежби околу Тајван, нагласувајќи дека потегот е „неоправдан и ризикува ескалација“. Тие го го повикаа Пекинг да дејствува воздржано.

„САД се сериозно загрижени од заедничките воени вежби на Ослободителната народна армија во Тајванскиот теснец и околу Тајван“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер.

притисни ентер