Лионел Меси најави дека ќе се пензионира: Ајде да уживаме, ова се последните битки

Аргентинската фудбалска репрезентација успеа да се пласира во финалето на Копа Америка, а главен беше Лионел Меси.

Ова може да му биде последно првенство, па затоа им испрати порака на навивачите.

- Дозволете ние како тим, како група да уживаме во сето она што го доживуваме, во она што се случува. Ќе повторам дека не е лесно повторно да се биде во финалето, да се натпреваруваш да бидеш шампион. Тоа што го постигнуваме е многу тешко. Мора да уживаме, бидејќи не е лесно. Ајде да уживаме, ова го доживувам како на последна Копа Америка и последното Светско првенство. Многу уживам и свесен сум дека ова се последните битки. Целосно уживам – изјави Меси.

Против Канада, Меси по 109-ти пат во кариерата ја погоди мрежата за репрезентацијата на Аргентина и со тоа стана втор најдобар стрелец на репрезентација зад Кристијано Роналдо.

Финалниот натпревар на Копа Америка ќе се игра на Флорида, а ривал на Аргентинците ќе биде победникот од натпреварот Уругвај - Колумбија.

Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари.

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

Вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна

Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата.

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.

-Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.

Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.

-Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.

Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.

Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

Фото: Севе во секси бикини

Мегапопуларната пејачка Северина  повторно ги воодушеви и израдува фановите на социјалните мрежи со свои фотографии и видеа.

Атрактивната Севе овој пат воодушеви со фотки во бикини.

Хрватската музичка ѕвезда објави фотки на кои таа позира во секси бикини на островот Врник.

Севе изгледа совршено во интересниот бел костим за капење во кој ја покажа нејзината импресивна фигура.

Пејачката носи голема капа на главата, а на нозете има скапи сандали од брендот Гучи.

-Шеширот го штити телото...“, напиша пејачката во описот на објавата.

притисни ентер