Лефков: ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски

ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок.

ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок.

Наодот на ДКСК дека синот на Претседателот Мицкоски не бил во САД на трошок на државата ги извади на површина сите плитки обиди на СДС да креираат лажна фама.

Што добија социјалдемократите? Само неколку неделно креирана политичка магла. А што доби народот? Можеше да види дека во СДС ништо не се сменило. Кој е највеќе оштетен? Синот на Претседателот Мицкоски, кој неосновано без никаква причина беше подлежен на канонада навреди и клевети инструирани од СДС.

Мора да потенцираме дека синот на Претседателот не го придружувал на ниту една официјална средба и не бил сместем во истите хотели во кои била сместена владината делегација.

СДС лажеше и свесно креираше меур од лаги, кој сега се распрсна и може да се види колку се мизерни, безидејни и деструктувни.

СДС наместо да биде конструктивна опозиција, тие четири месеци поминаа во лаги и манипулации.

Бараме од СДС јавно да се извинат и да запрат со манипулациите и лагите. Народот од нив очекува барем грам одговорност. Извинување веднаш.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Лефков: ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, што се однесува за бадентерот тој е Уставна категорија

Новинарско прашање: Како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека било тежок удар врз меѓуетничката стабилност и дали ВМРО-ДПМНЕ го усогласи законското решение со ВРЕДИ за правична застапеност?

Интегрален текст од одговорот на новинарско прашање:

Се надминува потребата од примена на алатката наречена 'балансер', која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет, ќе се направи брана од политичкото влијание“, ова го пишува на страница 47 од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, донесена во време кога ДУИ беше владејачка партија.

ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа.

Коментар за балансерот дадоа и од ЕК, кои кажаа дека паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност.

И ние јасно констатираме и се согласуваме со ЕК дека балансерот е злоупотребен. Што се однесува до Бадинтерот, тој е уставна категорија. Рамноправната застапеност, треба да се реши со законски механизам, но факт е дека балансерот е злоупотребен. Нашиот став за балансерот го знаете од поодамна. Да тој е злоупотребен и тој е дел од скрининг процесот на ЕУ. И затоа кога испраќаме пораки не може да се однесуваме дека нешто што ни одговара во ред е, а тоа што не ни е да се однесуваме како мали деца, не може така.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во војната во Газа за една година најмалку 42.065 починати, 55 во последните 24 часа

Во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври загинаа најмалку 42.065 Палестинци, а беа повредени 97.886, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

Најмалку 55 Палестинци се убиени во изминатите 24 часа, се вели во соопштението на Министерството, кое е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. Во нападот, стотици Израелци беа убиени, а многу луѓе беа земени како заложници и однесени во Газа.

МЗ: Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека од денес, преку веб страницата - vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.

Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM.

На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Потсетуваме дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, соопштуваат од МЗ.

Загинати, исчезнати и огромни материјални штети од ураганот „Mилтон“

Со ветрови од над 200 километри на час, торнада и поројни дождови, ураганот „Милтон“доцна синоќа удри на Флорида.

Според првичните информации, илјадници домови се уништени, а за сега се знае само за две потврди жртви, иако американските власти најавуваат бројката би можела да биде поголема.

Најпогоден е округот Сент Луси, каде како предвесник на бурата се појавиле и торнада кои предизвикале штета уште пред доаѓањето на дождот.

-Знаете, кога доаѓа ураган, имате предупредување две недели однапред. Знаете каде се движи, знаете каде е ветерот и бурата, знаете каде се ветриштата на вашата локација. Со торнадо не го тоа не го знаете, тоа е исто како некој да фрли бомба било каде во областа. - Крис Џадовски – Комисија на областа Сент Луси.

Во американската сојузна држава за едно деноноќие биле пријавени над сто торнада, нешто што до сега според тамошните власти се нема случено. За драматичната состојба на терен најдобро сведочеа и новинарите кои се обидуваа да известуваат.

-Ситуацијата тука во Сарасота почнува да станува страшна. Најпрво моравме... Во ред, мораме да одиме, мораме да одиме.

Бурата остави и околу 3 милиони лица без електрична енергија, а тие кои не успеаја да се евакуираат на време, сведочат за невремето со кое се соочиле.

-Ги грабнав моите две кучиња и се сокрив под креветот. Но, тоа беше тоа. Веројатно сè се случи за една минута. Можеби и за помалку. / Сите почнавме да трчаме кон ходникот, не ни стигнавме таму на време. Слушнав како се крши стакло, и покривот одлета и почувствував како ме крева и мене. Ги грабнав сопругата и детето и се сокривме.

Американскиот претседател Џо Бајден пак, го повика локалното население да ги слуша наредбите на властите и порача дека федералната влада е подготвена да се справи со невремето, но и да достави навремена хуманитарна помош до засегнатите. Побара да не се шират теории на заговор, кои според него, само ја отежнуваат и онака лошата ситуација на терен.

-Има тврдења дека се конфискува сопственоста. Тоа едноставно не е точно. Велат дека луѓето погодени од овие бури ќе добијат само 750 долари во кеш и ништо повеќе, тоа исто така не е точно. Сега велат дека федералната влада буквално го контролира времето. Дека го контролираме времето, тоа е повеќе од смешно, тоа е толку глупаво, мора да престане. Мојата конечна порака вечерва до луѓето на Флорида и сите засегнати држави, ние сме зад вас. - Џо Бајден – Претседател на САД.

Американските власти се надеваат дека силата на ураганот ќе продолжи да слабее и откако ќе ја помине Флорида, ќе се упати кон Атлантскиот океан, по што ќе следат и првичните проценки на штетите.

притисни ентер