Во војната во Газа за една година најмалку 42.065 починати, 55 во последните 24 часа

Во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври загинаа најмалку 42.065 Палестинци, а беа повредени 97.886, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

Најмалку 55 Палестинци се убиени во изминатите 24 часа, се вели во соопштението на Министерството, кое е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. Во нападот, стотици Израелци беа убиени, а многу луѓе беа земени како заложници и однесени во Газа.

„Милтон“ пустоши: Кран се сруши врз зграда, властите со итен апел (ВИДЕО)

Масивен кран удри во зграда во Санкт Питерсбург откако ураганот Милтон опустоши делови на Флорида.

Кранот паднал врз зграда која била во изградба во близина на центарот на градот.

По падот, дел од зградата се урнал врз друга зграда.

По падот на кранот почнаа да кружат видеа на социјалните мрежи, на кои се гледаат делови од зградата расфрлани на улица.

Властите на Флорида соопштија дека нема жртви во уривањето на зградата.

Официјалните лица ги повикаа луѓето да останат во засолништа и да ги следат упатствата.

По смирување на ситуацијата, надлежните органи ќе излезат на лице место и ќе ја проценат штетата.

Возачите користат бројни трикови за да ги „надмудрат“ камерите за мерење брзина (ВИДЕО)

Сè повеќе возачи прибегнуваат кон трикови за да избегнат казни за брзо возење, иако таквото однесување е сериозен прекршок што може да доведе до високи казни.

Еден од најчестите трикови е употребата на специјални налепници кои се лепат над постоечките бројки и букви на регистарската табличка.

Овие налепници ги збунуваат камерите, бидејќи ја рефлектираат светлината и не дозволуваат камерата јасно да ги снима табличките, па властите не можат да го идентификуваат возачот и да издадат казна.

Овие налепници се направени така што табличката изгледа целосно легално додека не дојде во контакт со радарски блиц, кога броевите и буквите привремено исчезнуваат.

Иако овие трикови се популарни кај возачите во Европа и САД, модерните радари и камери користат инфрацрвена светлина, така што трикот со рефлектирачки налепници не секогаш функционира. Покрај налепниците, некои возачи користат магнетни лажни таблички кои можат да ги отстранат од далечина, што им овозможува привремено да ја сокријат вистинската табличка кога поминуваат покрај камерите за брзина.

Казните за овие прекршоци можат да достигнат и до 2.000 евра, а доколку ве фатат, последиците може да бидат сериозни. Затоа е најбезбедно да ги следите сообраќајните прописи, за да избегнете високи казни и да заштедите пари.

Прв состанок на Социо-економскиот совет со новата влада

Со потпишување на спогодба денеска се конституираше новиот состав на Економско-социјалниот совет..на првата седница присуствуваа премиерот  и претставници на Владата синдикатите и рабодотавачите.

Министерот за економија Бесир Дурмиши, кој воедно е именуван за претседател на ркономско социјалниот совет вели дека иако станува збор за конститутивна седница, ќе се слушнат сите идеи критики и предлози на социјалните партнери, за што во иднина најави транспарентни заеднички одлуки.

„Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни, па на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки по што сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани.“

Од ссм на седницата мегудругото побарале раст на платите со брзо темпо и потпишување на општ колективен договор за приватниот сектор ..Иако оваа седница очекувал да се случи порано, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вели дека сепак оптимистички се најавите за зачестени средби на овој совет.

„Сметаме дека аргументите за пораст на платите се на наша страна имајки предвид дека синдиканлната минимална кошничка е веќе 1000 евра, имајки предвид дека државите во нашите држави растат со навистина забрзано темпо.“

Работодавачите не се за како што велат паушално зголемување на платите, туку сметаат дека тие треба да растат согласно продукивноста. Посочија дека се соочуваат со недостаток на кадри и ќе се залагаат за изготвување на стратегија по ова прашање.

„ Она за што ние најмногу би сакале да разговараме е недостаток на работната сила, како да работиме на зголемување на продуктивноста, со тоа ќе ја намалиме сиромаштијата и бројот на луѓе кои примаат минимална плата и сите да бидат позадоволни и посреќни.“

Свое обраќање на седницата имаше и премиерот Христијан Мицкоски кој нагласи дека стабилна економија во државата може да се постигне со владеење на правото и со само со квалитетен дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.

притисни ентер