Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Денеска се најдовме во ќорсокак бидејќи никој не може да знае од каде ќе дојде премиерот, ниту каква политика ќе води земјата, изјави по пристигнувањето во француското Собрание лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен.

Ле Пен ги осуди предизборните договори за кои рече дека ја спречиле нејзината партија Национален собир (РН) да дојде на власт, објави ТВ БФМ.

-Тоа е само одложување, рече таа пред Националното собрание, на кое се враќаа пратениците на РН и нагласи дека Националното собрание мора да ја одразува застапеноста на сите Французи.

Францускиот претседател Емануел Макрон, чиј мандат истекува во 2027 година, распиша парламентарни избори откако неговата партија беше поразена од екстремната десница на изборите за ЕУ ​​минатиот месец и рече дека ќе ја расчисти ситуацијата, што не се случи, јавуваат британските медиуми.

-Во најмала рака, ова не е голем успех за Емануел Макрон, се пошегува Ле Пен.

Неочекуваниот исход од неделните предвремени избори, на кои левичарскиот Нов народен фронт (НФП) освои најмногу гласови, но ниту една група не освои апсолутно мнозинство, ја втурна Франција во неизвесност, без јасен пат до стабилна влада, наведуваат британските меидуми./МИА

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

МОК ги претстави шесте македонски олимпијци кои ќе настапат на Игрите во Париз

Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.

Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.

Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти:

Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил)

Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно)

Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Еди Шерифовски, џудо

Мила Релиќ, таеквондо

Дарио Ивановски, атлетика (маратон).

Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.

Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДС

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1.

Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?

Да одиме со ред.

Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле.

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер