Лајчак: Итно е да се најде политичко решение, ја цениме подготвеноста на Вучиќ

 Лајчак денеска изјави дека насилството никогаш не е прифатливо.

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека насилството никогаш не е прифатливо и дека е неопходно итно да се најде политичко решение за актуелната криза на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој истакна дека ја цени подготвеноста на Вучиќ да придонесе за тоа.

Лајчак на Твитер објави дека тој и американскиот заменик-помошник државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, имале долги разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград за сложената ситуација на Србите на Косово.

Како што соопшти Претседателството по вчерашната средба на претседателот на Србија со Ескобар и Лајчак, „Вучиќ ја повтори целосната посветеност на Република Србија на процесот на дијалог со Приштина, за постигнување компромис и одржливи решенија во полза на подобар живот и односите меѓу Србите и Албанците и ја подвлече безбедноста како клучно барање на нашиот народ на Косово и Метохија“.

Вучиќ, исто така, го повторил своето инсистирање за целосна имплементација на договорените и потпишаните договори од Брисел, пред се за формирање на Заедницата на српските општини и ја повикал меѓународната заедница повеќе да се ангажира со Приштина во таа насока, се наведува во соопштението.

Тошковски за Канал 5: Во Академијата се постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК

Акцијата на МВР во Академијата за судии и јавни обвинители ја потврди за Канал 5 и министерот Панче Тошковски.

„Се постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК“ , кусо соопшти Тошковски за Канал 5.

И од МВР стигна офиуцијално соопштение за Канал 5.

„МВР - Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители.

Дејствијата се во тек…“, соопштија од МВР за Канал 5.

ОН за прв пат во историјата предупредува на епидемија од екстремни горештини

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ги повика земјите да се справат со епидемијата на екстремни горештини, откако светот, кој ги трпи последиците од климатските промени, ја забележа највисоката глобална температура во неделата . 

Според податоците на Коперник, програмата на Европската унија за набљудување на Земјата, просечната температура на површината во неделата достигнала 17,09 степени Целзиусови, што е малку повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени.

„Екстремната топлина е новата абнормалност. Светот мора да знае како да одговори на овој предизвик“, рече Гутереш.

Годинава топлотните бранови усмртија 1.300 аџии во Саудиска Арабија, во Африка и Азија училиштата беа затворени за околу 80 милиони деца поради високите температури, а бројот на хоспитализирани и мртви во Сахел поради жештините се искачи на рекордно ниво.

Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија САД, Европа и Русија. Коперник потврди дека се чини дека е соборен минатогодишниот рекорд. Податоците се собираат од 1940 година.

Минатата година Земјата имаше четири рекордни денови по ред, од 3-ти до 6-ти јули.

Климатските промени, поттикнати првенствено од согорувањето на фосилните горива, доведоа до екстремни горештини на северната хемисфера, пишува Ројтерс.

ОН ги повикува владите, покрај намалувањето на употребата на фосилните горива, главниот двигател на климатските промени, да ја зајакнат заштитата за најранливите групи, постарите, бремените жени и децата и да ја зголемат грижата и заштитата на работниците на отворено. .

Според Меѓународната организација на трудот (МОТ), над 70 отсто од глобалната работна сила, 2,4 милијарди луѓе, се изложени на ризик од екстремни горештини.

Во Африка речиси 93 отсто од работната сила е изложена на прекумерна топлина, а во арапските земји 84 отсто.

Годишно околу 19.000 луѓе умираат како последица на жештините, а околу 23 милиони се здобиваат со повреди на работа и затоа Гутереш повикува на „заштитни мерки за работниците, засновани на човековите права“.

Тој, исто така, ги повика владите да ги заштитат клучните сектори како што е здравството од горештините.

Градовите се загреваат двојно побрзо поради урбанизацијата и недостатокот на зеленило и како резултат на ефектот на топлински остров. Се проценува дека до 2050 година, бројот на луѓе кои се борат да живеат во урбани средини со екстремни горештини ќе се зголеми за 700 проценти.

Ова е првпат ОН да повикаат на глобална акција против екстремните горештини.

Ирина Шајк во бикини- на прагот на 40-тите го покажа совршеното тело (ФОТО)

Непотребно е да се претставува Ирина Шајк - веќе е познато дека оваа суперманекенка се уште важи за една од најубавите и најнегувани жени во светот.

Тешко е да се поверува дека ја делат само две години од округлиот број - 40 години, особено кога во овие летни денови послужува жешка доза од своето затегнато тело.

Позирајќи во црн костим за капење, таа покажа дека влијанието на здравиот живот се уште е видливо на нејзините витки нозе, а особено на стомачните кои се во преден план.

Ирина подоцна се пресоблече во фитнес облека - покажувајќи дека вежба дури и кога е на одмор. Претпоставувам дека тоа го објаснува ова тело!

притисни ентер