Квалитетот на државните институции ќе се подобрува со ИСО стандарди

Сите министерства до крајот на оваа година треба да се сертифицираат со ИСО стандард, а останатите државни институции што за годинава не обезбедиле финансии за таа намена се должни да воведат таков стандард до крајот на следната година.


Обврските за сертифицирањето на државните органи се предвидени со Предлог законот за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба, што го усвои Владата во вторникот.

- Воведувањето на системот за управување со квалитет на услугите треба да обебзеди високо ниво на задоволство на корисниците на услугите на државната служба преку достигнување или надминување на очекувањата на корисниците, рече денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

За да се подобри управувањето со квалитетот во работењето и давањето услуги се воведува најмалку основниот стандард ИСО 9001, а зависно од надлежностите на органите може да се воведат и други типови ИСО или македонски стандарди кои ќе го надополнуваат основниот стандард. За подобрување на управувањето со квалитетот во работењето и давањето услуги во државните органи се воведува заедничка рамка на проценка преку вклучување на вработените и самооценка, врз основа на насоки и упаттства изготвени од МИОА.

Со ИСО стандардизацијата, појасни министерот, се поставуваат протоколи на активностите во државните органи. - Работните задачи на вработените во државната администрација ќе бидат проследени со процедури, кои по сертифицирањето ќе бидат набљудувани од сертификациски тела. Ако не ги почитуваат процедурите нема да можат да се ресертифицираат за две или три години. Тоа значи дека за секоја услуга која ја бараат граѓаните од институцијата има и пропратен документ со кој се следи текот на процесот, рече Ивановски.

Предлог законот предвидува сертификациското тело кое ќе врши сертификација на државните институции да мора да се акредитира во Институтот за акредитација, согласно прописите за акредитација. Владата ќе формира координативно тело за спроведување на целиот процес, а секоја институција со систематизација ќе креира работно место зкоординатор за воведувањето станарди и инструменти за управување со квалитет.

Доколку одредена институција не ги воведе потребните стандарди законот предвидува глоба од 1.500 до 8.000 евра за функционерот кој раководи со неа. Глоба од 750 до 4.000 евра ќе му се изрече на координаторот на сертификацијата ако не преземе активности за воведување на стандардите.

Во просек за еден државен орган со околу 120 вработени и 12 сектори воведувањето на стандардот и сертификацијата би чинела 550 милиони денари. Доколку се сертифицираат сите 335 буџетски корисници и 85 општини, оваа постапка би имала финансиски импликации од околу 231 милион денари.

Предлог законот е изготвен по иницијатива на консултантот за примена на ИСО стандарди Богољуб Ангелковски, што ја претставил на манифестацијата Отворените денови на Владата.

Според Ангелковски, иницијативата е резултат на неговата желба да се подобри квалитетот во управувањето и услугите за граѓаните. Неговото 25 годишно икуство во областа покажало дека одржувањето на стандардите по нивното воведување е потежок процес, но оти со постојаност и надзор даваа резултати.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер