Курт: Веруваме дека ќе има огромен ефект новиот модел на субвенционирање на авио летови

Новиот модел на субвенционирање на авио летови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт. 

-Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не моќе да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации безз разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни, изјави Курт во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Анталија каде ТАВ го реновира аеродромот со кој управува.

Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски.

-Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги отривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании ко ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму, рече Курт.

Најави дека наскоро ќе го финализираат мастер планот за развојот на македонските аеродроми во наредните 20 до 30 години и дека ќе и го престават на Владата.

-Нашата концесија истекува во 2032 година, но обврска на секој аеродромски оператор е да ја предвиди и планира иднината, односно што е потребно да се направи со аеродромите и со околината и да ги сподели своите согледувања со властите без разлика дали ќе продолжи да управува или ќе си замине. Ние нашиот мастер план ќе го споделиме со Владата и тој не е поврзан со концесијата, рече Курт и додаде дека со мастерпланот сакаат на двата аеродроми да им го зголемат капацитетот и да ги направат поефикасни.

Прашан за текот на истрагата за инцидентот на македонското небо од 7 септември, Курт рече дека ТАВ е одговорен за авионите кога се на аеродромот, а инцидентот се случил при прелет.

-За прелетите над нашата територија одговорна е М НАВ, а ние сме одговорни додека воздухопловите се на земја како аеродромски оператор. Штом ќе полетаат одговорноста е на контролата на летање, посочи Курт.

Главниот извршен директор на ТАВ Серкан Каптан посочи дека ТАВ во моментов оперира со три аеродроми во регионот, - Скопје, Охрид и Загреб и планира да се прошири во Подгорица и Тиват.

-Скопскиот и Охридскиот аеродром во Македонија беше нашата прва инвестиција на Балканот, а во 2014 година почнавме со оперирањето на Загрепскиот аеродром во Хрватска. Непосредно пред пандемијата имаше тендер за давање под концесија на аеродромите во Црна Гора во Подгорица и Тиват и ние сме меѓу трите компании кои беа во потесниот избор. Заради ковидот повикот беше прекинат, а од последната Влада на Црна Гора има најави дека ќе продожи пеоцесот. Очекуваме да заврши до крајот на годинава или на почетокот на 2025 година и се надеваме дека ќе заврши, рече Каптан.

Тој посочи дека авиособраќајот во светот се опоравува по падот предизвикан од пандемијата и дека се очекува годинава целосно да се опорави на светско ниво и да има 9,7 милијарди патници во авиосообраќајот со што ќе с е надмине 2019 година кога имаше 9,2 милијарди патници на светско ниво.

-На долг рок авиосообраќајот ќе продолжи да расте пред се поради растот на средната класа граѓани, но и поради нискобуџетните авикомпании и се очекува во наредните години да се превезуваат и по 20 милијарди патници годишно. Најмногу ќе расте во Азија и на Блискиот исток.

Токму Блискиот Исток, како што кажа, ќе биде во фокусот на ТАВ. ТАВ во моментов управува со 15 аеродроми во 8 држави, а аеродромот во Анталија е најголем и превезува 20 милиони патници годишно. Во моментов се врши реконструкција на аеродромот вредна 2,5 милијарди евра, пари обезбедени од 12 разни банки заради добриот кредитен рејтинг што го имаат.

Директорот на Аеродромот во Анталија, Дениз Варол порача дека сакаат како најголем аеродром на Медитеранот да го пренесат своето знаење на македонските аеродроми со цел да привлечат што повеќе туристи. Најави дека наскоро на Аеродромот во Анталија ќе бидат поставени информативни табли за Скопскиот и Охридскиот аеродром со цел да се привлечат патници и туристи. Од Анталија во моментов има четири чартер летови за Скопскиот аеродром неделно, а целта е тој број да се зголеми. Во последниве неколку години најголем број од туристите што ја посетуваат нашата земја се токму од Турција.

-Маркетингот е најзначаен за развој на аердромите. Поради проблемите со визите Балканот е повторно актуелен за граѓаните од Турција. Анталија има три милиони жители, а со регионот достигнува до пет. Наскоро ќе поставиме панели за рекламирање на аеродромите во Скопје и во Охрид. Се трудиме преку маркетинг да ги привлечеме авиокомпаниите. Би ја промовирале Македонија како одлична дестинација, рече Варол.

Видео: Меланија Трамп за совите голи фотки: Гордо стојам зад нив

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот,.

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и долгата кариера како модел.

Нејзиното најново промотивно видео беше објавено неодамна на мрежите, а таа не штедеше труд да ги велича своите фотографии, споредувајќи ги со делата на најголемите уметници, како што е Микеланџело.

- Зошто гордо стојам зад мојата гола манекенска работа? Поважното прашање е зошто медиумите решија внимателно да ја разгледаат мојата прослава на човечкото тело во модната фотографија? Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? - вели Меланија. Целото видео е придружено со нејзиниот глас, додека прикажува фотографии од уметнички дела, како што е статуата на Давид од познатиот Микеланџело. Секако, таа не ги откри своите фотографии.

- Низ историјата мајсторите уметници ја почитувале човечката форма, предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување, вели таа.

Ова е четврто видео што Меланија Трамп го објави на своите профили на социјалните мрежи пред објавувањето на нејзините мемоари, кои ќе бидат објавени на 1 октомври. Многу необична маркетинг стратегија за да ги натера луѓето да ја нарачаат однапред нејзината книга.

Украина за прв пат учествуваше во вежба на НАТО за борба со дронови

 Украина за првпат учествуваше во вежбата со беспилотни летала на НАТО, што се одржа од 10 до 20 септември во Холандија, соопшти прес-службата на алијансата.

Повеќе од 450 претставници од 19 земји на НАТО и три земји партнери учествуваа на годишната вежба, на која беше тестирана техничката интероперабилност на мерките за спротивставување на беспилотни летала.

-За првпат Украина учествува заедно со претставници на приватниот сектор и научната заедница, соопшти прес-службата на НАТО, додавајќи дека сојузниците тестирале повеќе од 60 системи и технологии како што се сензори, системи за водење беспилотни летала, заглавувачи и кибер-пресретнувачи.

Учеството на Украина е усогласено со Патоказот за иновативна соработка меѓу НАТО и Украина, одобрен на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

Амбасадата на Јапонија ќе набави мобилен рентген апарат за Клиниката за детски болести

Амбасадата на Јапонија потпиша е договор со Клиниката за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

Во министерството за здравство денеска во рамки на програмата на Амбасадата на Јапонија, за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, се потпиша договор со Универзитетската клиника за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

На церемонијата на потпишување се обратија министерот за здравство, Арбен Таравари, амбасадорот на јапонија во Македонија, Оцука Казуја, и директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

притисни ентер