- Спортот и боксот промовираат здрав начин на живот, поттикнуваат учество на сите родови, вршат подготвки за соочување со успехот и поразот, ја учат важноста на тимската работа како и за мирното решавање на конфликтите, комуникацијата, посветеноста и градењето доверба. Младите учат да преземаат одговорност за себе и за другите, доживуваат чувство на припадност. Спортот служи како иновативен инструмент кој иницира промени и одржлив развој, за секој поединец и за општеството како целина. Купот Отворен Балкан е натпреварување кое преку квалитетно натпреварување ќе придонесе сите заедно да бидеме поискусни, посилни и поконкурентни на светската и европската сцена. Премиерата на Купот Отворен Балкан, кој ќе се одржува еднаш месечно, е во Смедерево, а потоа ќе имаме натпревари во Куманово, Охрид, Тирана, Зрењанин, Шабац, изјави претседателот на Боксерскиот сојуз на Србија, Ненад Боровчанин.
Заедно со Регионалната лига, која собира екс-ју членови, Купот Отворен Балкан ќе придонесе за развој и зајакнување на боксот на Балканот.
- Регионалната лига почнува на крајот на октомври, тука е боксерската лига на Србија и она што е особено важно за нас, следната година во Белград е Европското првенство за мажи и жени, заклучи Боровчанин. /МИА