Kуман: ВАР го уништува фудбалот“

 Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Роналд Куман, вели дека судијата во ВАР собата згрешил кога досудил пенал за англиската репрезентација поради стартот на Дамфрис над Кејн.

Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Роналд Куман, по поразот од Англија (1:2) во полуфиналниот натпревар од ЕП 2024, истакна дека неговата репрезентација има голем потенцијал.

- Уверен сум во иднината. Овој тим е способен за повеќе, а ние имаме повеќе играчи кои можат да го засилат тимот. Работевме добро заедно, се собравме и бевме блиску до финалето. Горд сум на овој тим, изјави Куман за сајтот на УЕФА.

Англија во финалето на ЕП 2024 ќе игра против Шпанија. Натпреварот ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

Акција за отплата на долгови за вода без пресметка на камата до 31 јули

 Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. 

Акцијата за физички и правни лица почна на 20 јуни, а трае до 31 овој месец.

- Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, граѓаните можат да контактираат на 02 3073 010 во Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 во Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

- Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

притисни ентер