Креативна дружба со Филип Коруновски во рамките на „Велешко лето 2024“

 Креативна дружба со ликовниот уметник Филип Коруновски, ќе се одржи вечерва во 21 часот во Европската куќа на млади во центарот на Велес.

Во рамките на „Велешко лето 2024“, синоќа одекнаа изворните зборови од просветителот на македонски народен јазик, Јордан Хаџи Константинов Џинот во неговата родна куќа во стариот дел на градот. Настанот беше организиран од Општина Велес по повод 142 годишнината од смртта на народниот учител.

Младинците од МДПС „Премиера“, ги надополнија зборовите со животописот полн со прогонства, и на тој начин се поклонија пред делото на овој великан. Родната куќа на Џинот заживеа и со звуците на Петар Марков, достојно одбележувајќи ја 142 годишнината од смртта на учителот.

Делегација на Општина Велес вчера положи и букети со цвеќе на гробот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот во дворот на црквата „Свети Спас“ во Велес.

Тошковски: Отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ за „Сејф сити“

„За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ“

Во рамки на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски оствари работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот “Safe City” и Академијата за цивилна одбрана, информираат од МВР.

-Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност, помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сѐ со цел користење на искуствата кои ги имаат стекнато во овој дел“, потенцирал министерот Тошковски.

Во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запознал со капацитетите за обука кои ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во различни објекти.

За минималната плата ќе се одлучува на Социо-економскиот совет идната недела

Минималната плата во март ќе скокне за околу 8 проценти или сегашните 22 500 денари ќе се зголемат меѓу 1 600  и 1 800 денари – доколку идната недела на социоекономскиот совет не падне нов договор.

Минималната плата во март ќе скокне за околу 8 проценти или сегашните 22 500 денари ќе се зголемат меѓу 1 600 и 1 800 денари – доколку идната недела на социоекономскиот совет не падне нов договор и не се исполни барањето на сидикатите за минималец од 450 евра. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели има политичка волја за барањето на ССМ, тој лично би сакал минимланата плата да биде и 600 евра но вели мора прво да се види дали Буџетот може да го издржи тоа.

„Јас сакам минималната плата и 600 евра да биде, реално еве реално да кажеме 450 евра барањето е, јас сакам да биде 600 евра но ајде да ги видиме сите засегнати страни, да се отвори темата на маса, во првите денови на месец декемрви ќе се отвори оваа тема мислам дека ќе биде барањето од синдикатите да се отвори оваа тема и таму ќе дискутираме и дебатираме ќе ги видиме сите засегнати страни ќе ги видиме и моженостите на Владата дали се предвидени толку средства негде или дали има можност да ги покријат тие, ќе ги видиме и барањата на работотдавачите оти и тие се засегнати....“ -изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Синдакатите очекуваат до Нова година ова прашање да биде затворено. На конференцијата на Меѓународната организација на трудот, беше потенцирано дека се позначаен предизвик за земајва е справувањето со недостигот на работна сила, за што првиот синдикалец, Слободан Трендафилов вели дека е резулатат на ниските плати. Според него зголемувањето на минималецот нема да биде голем товар за државниот буџет со оглед на тоа што вели околу 37.000 работници земаат до или под минималната плата....

„На наредната седница на социоекономскиот совет ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме, за да ги убедиме пошто мораме да се убедуваме, за потребата од растот на сите плати вклучително и минималната...Денеска во Македонија според последните податоци 25 илјади работници примаат плата во висина на минималната, а 10 илјади работници примаат плата од 1 денар до 22 илјади денари, но она што е поразително е дека сите овие работници примаат плата во плико за што не се плаќаат придонеси и тоа ја чини државата 250 милиони евра на годишно ниво.“ -изјава Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

И додека се чека седницата на социоекономскиот совет – во министерството за економија со крои новогодишната потрошувачка кошничка, која овој пат треба да опфати над 600 производи, кои се тие ќе се знае идната недела. Прозиводите кои ќе се најдат на листата според најавите од ресорното министерство ќе бидат предложени од трговците и производителите.

Попов: Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален

„Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован“, вели Попов.

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на иницијативата за основање албанска академија на науките во земјава и на Законот за употреба на јазиците кој е предмет на дискусија во јавноста и е на разгледување во Уставниот суд.

-Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии, па оттука актуелниот притисок за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Но, согласно практиката во други држави, може да се формираат научно-уметнички друштва како граѓански здруженија, или академии во рамките на професионалните асоцијации од одредени области, рече Попов во обраќањето.

Во однос на зачленувањето во МАНУ, посочи дека има „јасно утврдени квалитативни и квантитативни универзално признати критериуми за оценување на потенцијалните кандидати за членство во МАНУ“ и дека Академијата „секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, без оглед на нивната етничка, верска и каква било друга припадност“.

-За политичките партии и за нивните влијанија никогаш немало место во Академијата, зашто таа се води единствено по принципите на мериторност и препознатливост како универзални вредности на дострелите и творбите во научната и уметничката сфера. Друг пристап во критериумите за вреднување на индивидуалниот труд и достигнување, во аналите на МАНУ, досега не е познат, истакна Попов, додавајќи дека од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но и на други етнички заедници.

Она што е карактеристично за нашата мултиетничка академија, рече претседателот на МАНУ, „е фактот дека во неа кандидатите за членство и академиците никогаш не се прашувале да се изјаснат за нивната етничка припадност и имало дури периоди кога академиците Македонци не биле мнозинство во институцијата“.

Попов смета дека „се неосновани и ставовите од поедини политички и интелектуални кругови“ дека професорите и интелектуалците од албанската етничка припадност нема каде да вршат научни истражувања, затоа што тоа, како што рече, може да го прават на трите државни универзитети каде наставата се одвива и на албански јазик. Пред се на државниот научен Институт за зачувување на духовното и културно наследство на Албанците во Скопје, за кој посочи дека има сопствен буџет и околу сто вработени, исто како и во МАНУ.

-Впрочем и членовите на МАНУ поголемиот дел од истражувањата ги прават на УКИМ и другите државни универзитети и научни институти, а не само во самата академија. Овие факти јасно укажуваат дека во академиските редови нема место за политикантство и за манипулација, рече академикот.

Во однос на употреба на јазиците во науката, рече дека таа „нема и не признава етнички предзнак“, а за Законот за употреба на јазиците на сите етнички заедници во државава смета дека треба да се доуреди и допрецизира.

-Никој во Академијата, вклучувајќи ме и мене, не смета дека употребата на албанскиот и на јазиците на останатите немнозински заедници во државата, како придобивка од Охридскиот рамковен договор и уставна категорија треба да се укине, туку напротив, таа треба во законското решение да се доуреди и допрецизира во одредени области, со цел да се подобри нејзината применливост. Тоа особено се однесува на функционирањето на правосудниот систем, работата на полицијата, армијата, потоа на здравствениот систем и друго, каде со оглед на деликатноста и одговорноста на она што е предмет на работа, нужна е употребата на еден општ јазик за разбирање, рече Попов.

Смета дека перманентното преведување и пишување разни извештаи, оперативни планови и протоколи на два или повеќе јазика со судски превод, значително ќе го оптовари професионалното работење и ќе ги зголеми финансиските трошоци во овие и други, како што рече, „сензибилни области на општественото живеење“.

-За сето ова да се избегне ќе биде потребно усогласување и допрецизирање на законското решение во однос на овие и други работи и вградување на сугестиите и барањата на Венецијанската комисија, чијшто филтер треба да го помине. Тоа, впрочем, е и наша обврска како држава, не само во однос на овој, но и на други закони на кои ќе наидеме на патот на нашето членство во Европската Унија, рече претседателот ан МАНУ.

притисни ентер