Ковачевски – Шолц: Германија ја очекува Македонија во ЕУ

Германија ја очекува Македонија во ЕУ, со државничка одлука да се продолжи по европскиот пат .

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, имаше куса средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во рамки на настанот за одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк.

Премиерот Ковачевски му го честиташе на канцеларот Шолц јубилејното членство на Германија во ОН и големиот придонес што го дава Сојузна Република Германија во стабилноста и безбедноста на нашиот регион, Европа и светот.

Премиерот се заблагодари на канцеларот за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, што ја истакнува Германија како еднен од најблиските европски партнери на нашата земја.

На средбата е нагласено дека Германија ја очекува Македонија во Европската Унија посочувајќи на фактот дека евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата. Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои, е единствена шанса да се осигура квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно, како што е оценето, македонските граѓани и државата е извесно дека ќе соочат со изолација на долг рок, што не од интерес ниту на Македонија, ниту на регионот и Европа.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на канцеларот Шолц за огромната поддршка која ја добиваме од Германија во демократскиот, евроинтеграцискиот и економскиот развој на нашата земја. Истата е јасно пресликана и во усвоената резолуција од страна на германскиот Бундестаг со која се потврдува нашата заложба за забрзана евроинтеграција со потврдени и признати македонски јазик, култура и идентитет “Ова е потврда за искреното разбирање што го има нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за потребите и националните и стратешки интереси на македонските граѓани“, рече премиерот Ковачевски на средбата со канцеларот Шолц.

МВР влезе во Академијата за судии и јавни обвинители, се одземаат досиеја на судии

По барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а со наредба од судија на претходна постапка полицијата попладнево влегла во Академијата за судии и јавни обвинители, дознава МКД.мк.

Од МВР ја потврдија информацијата и велат дека акцијата сѐ уште трае.

„Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители. Дејствијата се во тек“, велат од МВР за МКД.МК.

Величковски: Што ако ДУИ тргне во преговори за промена на уставот?

„Мицкоски со порака од Илинден во соодветен правец може да добие многу повеќе да добие за сопствената држава“

Што ако ДУИ тргне во преговори за промена на уставот? Прашањето околу територијалната организација, за кое зборувавме пред 10 години. Нашиот пристап на движењето за Нова република не е дали одиме кон федерализација или не, двостепената локална самоуправа може да значи и подобра функционалност, не разговараме за тоа што може да биде предност, сомнеж ќе има додека на зборуваме за темите. Етничка заедница, заедница на општини со функционални надлежности и во Косово, и во Македонија и во Србија може да постои, но доколку стане на едно место ќе се мултиплицира на цел Западен Балкан. Ние денеска практично сме меѓу два концепта и тоа започна со Руската агресија во Украина каде се судираат два концепта, на прифаќање на поредокот со завршувањето на студената војна и таа безбедносна архитектура се заснова на принципот „нема територијални решенија за етнички прашања“. Наспроти она кое што доаѓа од Кремљ и кој што етничките прашања ги користи за растурање на безбедносната архитектура на цела Европа за да може тука да го прошири своето влијание.

Она што треба политичарите од владата јавно да им го кажат на граѓаните е предизборната реторика заврши, а преговарачката рамка не може да се смени, рече Ивон Величковски во Само Интервју. „Мицкоски со порака од Илинден во соодветен правец може да добие многу повеќе да добие за сопствената држава“, порача тој.

Германија и Турција водат правен спор за ќебаб- кавгата трае од почетокот на април

Германија и Турција се судрија околу традиционалниот специјалитет ќебаб, при што Берлин вложи жалба на обидот на Турција да и даде заштитен статус на популарната улична храна во ЕУ, како што се шпанската шунка серано или неаполската пица.

Спорот околу специјалитетот започна во април кога Турција поднесе барање за регистрирање на името „донер“ како „загарантиран традиционален специјалитет“ низ Европа, што значи дека етикетата може да се користи само од производители кои се придржуваат до одредени методи на производство и спецификации за месото од кое што се прави ќебабот, пренесува АП.

Германија тврди дека тоа ќе создаде огромни бирократски пречки и ќе ја зголеми цената на популарното јадење.

Со оглед на тоа што прашањето за трошоците за живот ги загрижува гласачите пред клучните регионални избори во Германија во септември, официјален Берлин стави вето на

притисни ентер