Косово гради два стадиона, во националниот ќе вложи 250 милиони евра

Косово се подготвува за изградба на нов стадион.

Во Гњилане ќе се гради нов објект со капацитет од 8.750 луѓе, а стадионот ќе биде од четврта категорија на УЕФА. Во Косово тврдат дека буџетот за изградба на стадионот е обезбеден. Хајрула Чеку, министер за спорт, тврди дека проектот е готов:

„Конечниот проект на стадионот во Гњилане, кој недостигаше, сега е изработен и готов за реализација, додека буџетот потребен за финансирање на реализацијата е веќе обезбеден. Во денешниот договор со градоначалникот Албан Хисени ветивме 15 милиони евра за изградба на стадионот. Веднаш ќе започнат потребните процедури за реализација на проектот, а работите во целина ќе започнат во најкраток можен рок“.

Против инволвираните се подготвуваат кривични пријави за констатираните прекршоци во минатото на овој стадион сега така квалификуван од Државниот завод за ревизија. „Одлучно го спроведуваме инвестицискиот план за Медитеранските игри во 2030 година. Создаваме подобра иднина за спортот“, додаде Чеку.

Косовскиот премиер најави изградба на националниот стадион, кој треба да биде готов за седум години, за да биде подготвен за Медитеранските игри. Според првите проценки тој стадион би требало да чини околу 250 милиони евра.

Олимписките игри не се отворени, а веќе е постигнат светски рекорд (ВИДЕО)

Олимписките игри се уште не се официјално отворени, а веќе ги видовме натпреварувачите на боиштата.

Вчера фудбалерите и рагбистите, додека денеска ни донесе спортови како стрелаштво. Така Кореанката Лим Си-Хјеон веќе успеа да го собори светскиот рекорд.

Таа во текот на квалификациите постигна резултат од 694 поени, што никој во историјата го нема постигнато во женска категорија.

Досегашниот најдобар резултат го имаше Канг Чае Јунг со 692 поени и тоа го постигна на Светското првенство 2019 година. Кога станува збор за претходниот олимписки рекорд, тој беше 680 поени и беше соборен од Ан Сан пред три години во Токио.

Интересно е и тоа што само двајца мажи во историјата успеале да постигнат подобар скор од 694!

Џенифер Анистон со критики за ставот на потпретседателот на Трамп за жените без деца

Холивудската актерка Џенифер Анистон го критикуваше републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс за неговите коментари во кои тој ги нарече демократите „жени кои немаат деца, водат мизерен живот и се грижат за мачки“.

Актерката од серијата Friends (55) објави интервју што Венс му го дал на поранешниот водител на Fox News, Такер Карлсон во 2021 година и на својот Инстаграм профил напиша дека „не може да верува дека таков став доаѓа од потенцијален потпретседател на САД.“, пренесува Би-Би-Си.

„Сѐ што можам да кажам е господине Венс, се молам вашата ќерка да има среќа еден ден да има свои деца и да не мора да се сврти кон ИВФ како втора опција“, напиша таа.

Актерката и претходно отворено зборуваше за нејзините борби да има деца преку ИВФ.

Минатиот месец, Венс гласаше за блокирање на легислативата предложена од демократите, која би обезбедила национален пристап до ИВФ.

Величковски: Имаме нефункционален систем на проверка на податоците и систем на неказнивост

„Додека се занимаваме со теми околу името, се занемарува борбата со криминалот и корупцијата“

Прашањето е за постигнување заедничка цел и желбата за комуникација.

Политичката дефиниција на нацијата произлегува од името на државата.

Референдумот создаде длабок јаз меѓу граѓаните, потребно е лидерство за обединување.

Додека се занимаваме со теми околу името, се занемарува борбата со криминалот и корупцијата.

Да, мајоризација постои бидејќи тоа е единствениот начин за контрола особено за економскиот систем кој што е нефункционален.

Имаат двотретинско мнозинство, нека го раскинат Преспанскиот договор.

За ВМРО-ДПМНЕ проблем е отворањето на четвртиот кластер, мора да разбереме дека поважен е држанвниот, а не партискиот интерес.

Дали владеењето на правото е дел од Копенхашките критериуми, да. Дали кршењето на меѓународните договори е кршење на правото, да. Продолжете понатаму...

Преку ветингот во судството повторно ќе се најдат траги за делата што „паднаа“, има дела што не застаруваат.

Имаме нефункционален систем на проверка на податоците и систем на неказнивост.

Во собранието очигледно ДУИ нема да биде единствена опозиција.

притисни ентер